Zagaduvanje na vozduhot i zivotnata sredina

16,920
-1

Published on

zagaduvanje na vozduhot

Published in: Education
0 Comments
2 Likes
Statistics
Notes
• Be the first to comment

No Downloads
Views
Total Views
16,920
On Slideshare
0
From Embeds
0
Number of Embeds
1
Actions
Shares
0
Downloads
153
Comments
0
Likes
2
Embeds 0
No embeds

No notes for slide

Zagaduvanje na vozduhot i zivotnata sredina

1. 1.   УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”- БИТОЛА ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД
2. 2.

Загадувањето како поим со кој се среќаваме секојдневно и кој го предизвикуваме и самите, е проблем со кој е окупиран цел cвет. Постојат многу загадувачи кои ја уништуваат животната средина, но многу важно е да се спомне и фактот дека туристите се исто така големи загадувачи на животната средина. Со секоја помината сезона туристите зад себе оставаат големи траги и уништување на животната средина.Со одржливиот развој се обезбедува чиста и незагадена животна средина за сите следни поколенија. Концептот одржлив развој на туризмот кој всушност претставува апликација на концептот за одржлив развој во туристичката индустрија, придонесува за максимизирање на позитивните ефекти од развојот на туризмот и за минимизирање на негативните ефекти, од кои од особено значење се негативните ефети врз животната средина. На тој начин, одржливиот развој на туризмот придонесува за заштита и конзервација на природните ресурси и животната средина во местата во кои се практицира туризмот.

3. 3.

Во последиве декади, туризмот бележи огромен раст и има тенденција да стане еден од најбрзо растечките економски сектори во светот.

Придонесот на туризмот во економската благосостојба на рецептивните туристичи земји зависи од квалитетот и приходите на туристичката понуда. Колкаво е значењето на туризмот за економијата на рецептивните туристички региони и земји, може да се заклучи од следниве факти за движењето на туристичкиот промет, како и приходите што се остваруваат од него:

Од 1950 до 2005 година , годишната стапката на меѓународните туристички доаѓања се зголеми за 6,5%, при што е забележан пораст од 25 милиони на 806 милиони туристи .

Приходите генерирани од овие доаѓања растеа со стапка поголема од 11,2% во овој период, при што се остварени околу 680 билиони американски долари во 2005 година.

Додека во 1950 година, топ 15 дестинациите апсорбираа 88% од вкупните меѓународни доаѓања, во 1970 година процентот беше 75% и се намали на 57% во 2005 година, како резултат на појавата на нови дестинации, а многу од нив се наоѓаат во земјите во развој

4. 4.

Меѓународните туристички приходи

изнесувале 96,7 милијарди американски долари во

2007 год., повеќе од 2006 год. кога изнесувале

85,7 милијарди американски долари.

Кога извозната вредност на патните приходи од

странските туристи била пресметана, вкупниот

приход во 2007 год. достигнал рекордни

1,02 трилиони или 3 милијарди американски

долари дневно.

До 2020 година се очекува меѓународните

туристички доаѓања да ја надминат бројката од 1.5 милијарди луѓе.

До 2020год. Европа ќе остане најпопуларна туристичка дестинација, но нејзинито уддел ќе падне од 60% во 1995 год., на 46%.

Долгите патувања ќе растат малку побргу од интрарегионалните патувања и до 2020 год. нивниот уддел ќе се зголеми од 18% во 1995 год. на 24% .

Но, покрај позитивните економски ефекти што се остваруваат како резултат на туризмот, евидентни се сè поголемите негативни ефекти кои произлегуваат од неговиот развој, а пред сè негативните ефекти во однос на животната средина. Туризмот е проблем со кој се соочува скоро секое туристичко место, регион или земја. Тој во денешно време претставува закана за плажите, познатите обележја, свети места и одморалишта, како и растителниот и животинскиот свет во нив.

5. 6.

Меѓу големиот број влијанија на туризмот со силен негативен импакт врз окружувањето, како најзначајни можат да се потенцираат следните: .

Уништување на озонската обвивка - туристичката индустрија и воздушниот сообраќај претставуваат еден од главните генератори на супстанции кои го уништуваат озонскиот слој;

Загадување и деградација на природната средина како последица на нејзиното користење во туристички цели

Зголемена бучавост во туристичките дестинации, која што е последица на енормно големиот број на туристи во време на туристичката сезона, на превозните средства со кои доаѓаат туристите, како и на разните уреди во туристичката дестинација

Уништување на флората и фауната во туристичките дестинации за време на туристичкиот престој и посета;

Уништување на ловниот дивеч и ихтиофауната, како резултат на прекумерниот лов и неадекватните туристички активности за време на спортско-рекреативниот туризам;

Намалување на земјоделските и шумските површини и девастација на почвата, како резултат на нивното користење во туристички цели;

Загадување на воздухот, водата и почвата како резултат на изградбата и функционирањето на угостителските објекти и објектите за рекреација на туристите

6. 7.

Во минатиот век моторот со внатрешно согорување ја трансформираше планетата. Им овозможи на луѓето да патуваат побрзо и подалеку од кога и да било, со автомобил, авион, брод, воз. Но, новонастанатата слобода на 20-от век има своја цена. Како што луѓето патуваат и поминуваат повеќе и повеќе километри, сулфур, олово и голем број на други отровни материи се ослободуваат во атмосферата.

Но, најголем проблем е јаглеродниот двооксид, гас кој што се ослободува при согорување на горивата. Милиони тони гас се ослободуваат во атмосферата секоја година. Јаглеродниот двооксид создава слој којшто ги рефлектира сончевите зраци назад кон земјината површина, предизвикувајќи климатски промени.

7. 8.

Транспортот претставува еден од основните загадувачи на атмосферата. Централен дел во транспортниот систем и еден од најглавните загадувачи на природата секако, е автомобилскиот транспорт. Во овој момент на патиштата на земјата се движат над 500 милиони автомобили, а според експертите на ООН во 2005 год. нивниот број изнесува над 700 милиони.

Емисијата на штетни гасови во патниот сообраќај се припишува на фактот што тој вид транспорт се смета за „побрз и пофлексибилен” од превозот на товар преку железницата или со бродови.

Автомобилите секојдневно исфрлаат во природата над 35 милијарди м3 штетни гасови, што е околу 18% од општиот обем на исфрлените загадувачки супстанци во атмосферата .

Проценките на ЕУ од 2005 годинапо кажуваат

дека обемот на патниот и авионскиот сообраќај

ќе се зголемиза 36, односно 105 отсто во

периодот од 2000 до 2020 година, до кога би

требало да се воведат многу поголеми обврски

за намалување на емисијата на штетни гасови

во атмосферата.

8. 9.

Транспортот по воздушен пат , како и железничкиот

транспорт, се во континуиран пораст, поради тоа што

бројот на меѓународните патниците во Светот се

зголемил од 88.000.000 во 1972 година, на 344.000.000

во 1994 година. Притоа, 60% од вкупниот превоз на

туристи во светски p амки се одвива преку воздушниот

сообраќај .

Со енормниот развој на туризмот и зголемувањето на бројот на туристите, се зголемува и нивната потреба од брзо и безбедно патување. Затоа туристите најчесто се одлучуваат да патуваат со авиони и да го зголемат барањето за авиосообраќајот.

Современите авиони исфрлаат огромни количества отпадни гасови и тоа на голема височина (9 - 11 км). Авионите од цивилното воздухоплоство кои на број ги има околу 6 000, изгоруваат по неколку тони гориво на час, зависно од типот.

Годишно, во атмосферата, од авионите се

исфрлаат околу 1 000 000 тони азотни оксиди,

од кои 30% од нив на височина од 11 000 метри.

Овие отпадни гасови претставуваат сериозна

опасност за озонскиот слој.

9. 10.

Автопроизводителите до пред некоја година

размислуваа дека гориво на иднината е

биогоривото. Така ќе се зачуваат сегашните

резерви од фосилно гориво, а на купувачите

ќе им се понудат возила со исти, па дури и со

подобри перформанси.

Двете главни достапни биогорива се биодизел

и биоетанол. Биодизелот се прави од маслото

што го има во растенијата, како што се репката

и палмата, додека биоетанолот потекнува од

билките што содржат многу шеќер и скроб,

како што се шеќерна трска, шеќерна репка,

пченка и други житни растенија, како што се пченица и јачмен .

Но во досегашните години одкако постои моротот со внатрешно соговурање за продвижување на превозните средства се користеше и се користи фосилното гориво. Фосилно гориво е гориво кое настанало како резултат на хемиска преобразба на фосили од растенија или животни. Хемиски, фосилните горива се јаглеводороди. Општо е прифатено дека фосилните горива се создадени од фосилизирани остатоци од умрени растенија и животни, преку изложување на топлина и притисок во Земјината кора во текот на стотици милиони години. Употребата на фосилните горива е штетна за животната средина.

10. 11.

Исто така, многу важно е да се каже дека и угостителските објекти и фабриките кои работат во корист и полза на туризмот и на туристичката индустрија, значително го загадуваат воздухот со штетни хемикалии. Затоа , на оџаците од големите фабрики треба да се инсталираат филтери кои ќе го прочистуваат воздухот и барем малку ке ги ублажат негативните ефекти.

Во зимата 2000 година, 76.271 луѓе влегоа во Yellowstone National Park со моторни санки и скии, бројно надминувајќи го бројот од 40.727 посетители кои дојдоа со автомобили, 10.779 со автобуси приспособени за на снег и 512 на скии.

Спроведената анкета за влијанието на моторните санки врз природните звуци во Yellowstone националниот парк откри дека бучавата од моторните санки може да се слушне 70 % од времето во 11 од вкупно13 одделни градови и 90 % од времето во 8 градови. Во близина на гејзерот Олд Фејтфул моторните санки може да се слушнат 100 % од времето на дневниот период. Бучавата од моторните санки го надгласува и потиснува дури и звукот на еруптирањето на гејзерот.

11. 12.

Водата, а особено свежата вода, е еден од критичните природни ресурси во брзорастечкиот свет. Туризмот е еден од најголемите корисници на свежа и чиста вода која ја користи за најразлични цели: пиење, хигиена, производство на храна, за рекреативни цели, базени, терени за голф, забавни паркови на вода за децата, и тн.. Ова може да резултира со недостаток на вода, како и генерирање на поголем волумен на отпадни води. ..

12. 13.

Изградбата на хотели, рекреативни и други објекти кои се користат во туристички цели, често води до зголемување на загадувањето на водата. Отпадните води ги загадуваат морињата и езерата, околните туристички атракции, ги оштетуваат флората и фауната. Канализација предизвикува сериозни оштетувања на корални гребени, бидејќи го поттикнува растот на алги кои се хранат со корали и ја попречува нивната способност да преживеат.

На Медитеранот прашањето на недостиг на вода е од особена важност. Поради топлата клима и стремежот на туристите да конзумираат повеќе вода кога се на одмор за разлика од дома, количината на потрошена вода може да се искачи и до 440 литри на ден. Ова е речиси двојно од онаа количина на вода што ја користат жителите на еден просечен шпански град.

Секоја година, бродовите во широкиот регион на Карибите кој се протега од Флорида до Француска Гвајана произведуваат 82.000 тони отпад. Притоа, 77% од вкупниот отпад доаѓа од големите бродови наменети за крстарење. Во просек, секој патник на брод за крстарење придонесува да се произведе 3,5 килограми отпад, во споредба со количината на отпад од 0,8 килограми создадена од страна на поединец на брегот.

13. 14. 2.3 Загадување на почвата

Земјишните ресурси г и вклучуваат минералите, фосилните горива, плодната почва, шумите и дивите животни.Со зголемената изградба на рекреативните објекти кои се користат во туристички цели, зголемен е и притисокот врз овие ресурси и врз пејсажот . Кај шумите, најчесто се јавуваат негативните влијанија како резултат на туризмот во форма на уништување (сечење) на шумите за создавање на простор за изградба на разни објекти кои ќе се користат во туристички цели или пак сечење на шумите заради огрев. Така на пример, во Непал, уништувањето на шумите од страна и во корист на туризмот се движи до 4-5 килограми дрво на ден.Исто така, преголемата употреба на плодната почва и доброто земјиште за изградба на нови сместувачки капацитети или за објекти во функција на туризмот, придонесува за деградација на земјиштето и создавање на директни негативни ефекти од развојот на туризмот. На тој начин, не само што се уништуват шумите и плодните почви, туку и животинскиот свет страда поради овие одлуки на туристичките стопанственици.

14. 15. Една од најголемите катастрофи што може да им се случат на шумите и чии предизвикувачи се некогаш и самите туристи, се пожарите. Пожарите зад себе оставаат стотици милиони хектари изгорена површина од дрвја и уништена вегетација. Но она што е најсташно, е тоа што по завршувањето на пожарите се остава голо земјиште кое потоа ниту е атрактивно за туристите, ниту може некако да се обнови за карток временски период.

Според многу научни светски истражувања во областа на туризмот, забележано е дека во местата односно туристичките дестинации кои се поатрактивни за туристите, процентот на загаденост на почвата, водата и воздухот се драстично поголеми за разлика од местата каде што туризмот не е толку развиен.Тоа е едноставен заклучок кој можеме и самите да го изведеме. Поради поголемата туристичка потрошувачка во атрактивните места, се зголемува и потребата од изградба на нови објекти кои ке им служат за задоволување на потребите на постоечките или на новите туристи.

Со самата изградба на тие објекти, без разлика дали зборуваме за тениски игралишта, за хотели или за паркинг плацови, се уништуваат драгоцени површини на почва и се сечат немилосрдно шумите.Затоа туризмот е добар од аспект на валоризирање на туристичкиот регион, но од друга страна, тој е уништувач на животната средина.

15. 16. 3. ВОВЕДУВАЊЕ НА КОНЦЕПТОТ НА ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ КАКО НАЈДОБРО АЛТЕРНАТИВНО РЕШЕНИЕ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ИДНИНА

Поимот одржлив туризам или одржлив развој на туризмот се појавил како резултат на пошироката расправа за одржливиот развој воопшто. Овој термин всушност е изведен од поширокиот концепт за одржливост и се појавил како резултат на воочувањето на негативните ефекти што настанале како резултат на зголемувањето на обемот и брзината на експанзија на туристичката индустрија.

Одржливиот туризам најопшто може да се сфати како ”апликација на идејата за одржлив развој во туристичкиот сектор, односно туристички развој којшто ги задоволува потребите на сегашните без да ја изложи на ризик способноста на идните генерации да ги задоволат нивните сопствени потреби; или според сценариото на симбиоза на Budowski - туризам кој разумно ги употребува и заштитува ресурсите за да се обезбеди нивна долгорочна остварливост.”

Во суштина, одржливиот туризам се сфаќа како алтернатива на масовниот туризам и опфаќа минимизација на негативните и максимизација на позитивните ефекти кои произлегуваат од развојот на туризмот. Во современи услови на живеење, одржливоста е прифатена како најдобро алтернативно решение за развој

на туризмот. Наспроти целите на масовниот туризам, поврзани исклучиво со квантитативни обележја (како на пример: максимална искористеност на сместувачките капацитети, остварување на што поголем туристички промет и туристичка потрошувачка), кај одржливиот туризам примарни се целите со квалитативни обележја

16. 17.

Одржливоста, како алтернатива на масовноста, во себе крие стремеж за апострофирање на позитивните, а минимизирање на негативните ефекти од развојот на туризмот. Тоа е туризам кој преферира производ со јасен идентитет, препознатлив по стремежот за еколошка и културно - историска заштита, квалитет par exelance, автентичност, амбиенталност и индивидуален приод кон барањата и потребите на туристите. Станува збор за таканаречениот “селективен” туризам.

Одржливиот туризам, исто така придонесува за редуцирање на сиромаштијата преку оданочувањето. Даноците кои се наметнуваат во областа на туризмот, претставуваат значајна економска категорија на локално и национално ниво. Од туристичките даноци може да се обезбедат финансиски средства за: развој на инфраструктурата, подобрување на здравствената заштита на населението, зголемување на степенот на образование, обука и тренинг на вработените во областа на туризмот, туристички маркетинг на дестинацијата на домашниот и меѓународниот пазар, изградба на разни јавни капацитети, па дури да се помогнат и програмите за ублажување на сиромаштијата преземени од страна на владите на рецептивните туристички земји.

Висината на туристичките даноци треба да биде на ниво коешто од една страна ќе овозможи остварување на разумен профит на туристичката индустрија и приходи неопходни за инвестирање во областа на туризмот, како и пораст на општата благосостојба на граѓаните, но од друга страна зачувување на конкурентната предност на туристичката земја во меѓународни размери .

17. 18.

Квалитетот на животната средина е од исклучителна важност за развојот на туризмот. Чистата природна средина и атрактивностите на просторот претставуваат есенцијални компоненти за развој на туризмот. Едноставно, без нив нема туризам.

Од една страна, цел на туристичките движења е незагадената и во исконска форма сочувана природна средина. Меѓутоа, од друга страна тие туристички движења се фактор за загадување на природната средина и нарушувач на природниот амбиент. Како резултат на негативните ефекти врз животната средина (загадување на воздухот, водата, почвата, уништување на растителниот и животинскиот свет, глобално затоплување, климатски промени), туризмот може постепено да ги уништи природните ресурси од кои всушност зависи, па на тој начин да се уништи дури и самиот себе.

Сето тоа директно се рефлектира врз целокупниот екосистем и целата животна средина на планетата воопшто, па дури се доведува во прашање опстанокот на човечкиот вид на Земјата.

ЗАКЛУЧОК
18. 19.

Сите ние треба да сме свесни за загубите што ги претрпуваме од несовесното искористување на природните богатства со кои располага животната средина. Тоа што го правиме директно се одразува на нас и на нашите наредни поколенија односно тие најмногу ќе ги почувствуваат ефектите од уништувањето на животната средина и неправилното искористување и исцрпување на природните ресурси.

Затоа, за да се намалат негативните ефекти од развојот на туризмот и да се сочува во исконска форма чистата животна средина, а од друга страна да се максимизираат позитивните ефекти од развојот на туризмот, се воведува концептот одржлив развој на туризмот, па во последно време се зборува за “одржлив развој на туризмот” односно “одржлив туризам” како најдобро алтернативно решение за развој на туризмот во иднина.

19. 20. Blagodaram na vnimanieto
1. ¿Le ha llamado la atención una diapositiva en particular?

Recortar diapositivas es una manera útil de recopilar información importante para consultarla más tarde.