Konceptot odrzliv razvoj na turizmot

2,137 views

Published on

Published in: Travel, Technology, Business
0 Comments
0 Likes
Statistics
Notes
  • Be the first to comment

  • Be the first to like this

No Downloads
Views
Total views
2,137
On SlideShare
0
From Embeds
0
Number of Embeds
7
Actions
Shares
0
Downloads
18
Comments
0
Likes
0
Embeds 0
No embeds

No notes for slide

Konceptot odrzliv razvoj na turizmot

  1. 1. Последните два-три века, човековиот вид живее во општествен систем во кој приматот го има материјалната благосостојба и максималното искористување на ресурсите. Економската перспектива на сите аспекти од човековото живеење го стави човекот во една антропоцентрична и доминантна позиција во однос на сè она што го опкружува. Сето тоа резултирало со уништување на животната средина.
  2. 2. ДОСЕГАШЕН РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ  Во релативно краток временски период, од Втората светска војна до денес, туризмот стана глобален феномен.  Туризмот претставува „водечка светска индустрија“ во која се вработени над 200 милиони лица.  Најпосетени дестинации од почетоците на туризмот па сè до денес се Европа, Пацификот, Медитеранот, Америка и Источна Азија.  Во 2008 година во Европа се остварени 500 милиони ноќевања
  3. 3. Промените кои настануваат како резултат на туризмот можат да бидат позитивни и негативни : Позитивните ефекти од развојот на туризмот најчесто се класифицираат во две групи и тоа:  економски ефекти и  неекономски ефекти. Негативните ефекти од развојот на туризмот врз животната средина се:  Намалување на земјоделските и шумските површини и девастација на почвата  Загадување на воздухот, водата и почвата  Загадување и деградација на природната средина  Зголемена бучавост во туристичките дестинации,  Уништување на флората и фауната во туристичките дестинации за време на туристичкиот престој;  Уништување на озонската обвивка  Зголемување на ефектот на “стаклена градина”. ТУРИЗМОТ КАКО ФАКТОР НА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
  4. 4.  Иако состојбите во животната средина особено се актуелни последниве неколку децении, сепак загадувањето на животната средина е од постар датум и вообичаено се поврзува со почетокот на индустријализацијата.  Кон крајот на 80-тите години се јавува концептот на т.н. „одржлив развој“ (sustainable development).  Концептот „одржлив развој“, во литературата за прв пат се споменува во 1980 год. во „Светската стратегија за заштита“ публикувана од страна на Меѓународната унија за заштита на природата. КОНЦЕПТОТ “ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ”
  5. 5. „Ние знаеме дека оваа земја не му припаѓа на човекот, туку човекот и припаѓа на Земјата. Сите предмети се поврзани како крвта која го обединува семејството. Што и да се случи на Земјата, тоа им се случува на нејзините синови”. Како официјална дефиниција за Одржливиот Развој на туризмот се смета следнава дефиниција: „Одржливиот развој е развој кој ги задоволува потребите на сегашните генерации без да ја загрози можноста на идните генерации за задоволување на нивните потреби“. СУШТИНАТА НА ОДРЖЛИВОСТА Е СОДРЖАНА ВО СЛЕДНАТА ИЗЈАВА:
  6. 6.  Водство  Економски сигнал за фаворизирање на одржливиот развој  Интеграција на еколошка и социјална одржливост  Планови за транспорт  Планови за генетски модифицирана храна: практична политика со која ќе се ограничи и испита влијанието на генетски модифицираната храна,  Решение за отпад и токсични материи: зголемување на пазарот за рециклирање со цел да се намали сегашното ниво на отпад  Планирање ПОЛИТИКИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ Одржливиот развој е процес кој подразбира креирање на политики кои ќе ја заштитат животната средина на глобално и на локално ниво. Политиките треба да содржат:
  7. 7. Постојат неколку, основни начела за одржлив развој на туризмот:  Ограничување на влијанието на човекот на Земјата (глобално) и регионално (локално), на ниво кое е во рамките на дозволениот капацитет на оптовареност.  Задржување на биолошката разновидност на регионот.  Да се минимизира користењето на материи кои не се разградуваат.  Промовирање долгорочен економски развој со кој ќе се зголемуваат позитивните ефекти од користењето на ресурсите и истовремено ќе се задржи и природното богатство.  Обезбедување праведна распределба на трошоците и добивката од употребата на ресурсит  Обезбедување на ефикасна партиципација на општеството и интересните групи во донесувањето на одлуките кои се однесуваат на нив.  Промовирање на вредностите за oдржлив развој, со кои ке се поттикнуваат и останатите субјекти да ги прифатат принципите на одржливоста. НАЧЕЛА НА ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ
  8. 8. Проекциите за иднината на туризмот главно се базираат на две групи претпоставки: застапени се мислењата со критики и „песимистички“ прогнози за туризмот, но исто така и оние кои „оптимистички“ ја проектираат иднината на туризмот. Новиот начин на живеење кој ќе биде во сферата на слободното време и туризмот ќе се карактеризира со:  Сопствени активности (наместо пасивни и туѓи искуства);  Спонтаност (наместо целосна организација и планирање);  Општествени контакти (наместо издвоеност и осаменост);  Опуштеност (наместо незадоволство и постојано натпреварување). ФУТУРОЛОШКИ ПОГЛЕДИ НА ТУРИЗМОТ
  9. 9. Политиката на користење на природните ресурси во развојот на туризмот во Република Макединија, подразбира однесување во согласност со следниве препораки:  Во земјата да се спроведе политика на активна заштита на ресурсите,  Статичниот пристап во користењето и заштитата на природните ресурси;  Да се развие мрежа на институции за зачувување и обнова на природните ресурси и опкружувањето;  Со различни мерки и инструменти на економската политика да се поттикнува позитивен став кон користењето и зачувувањето на ресурсите и воведување на казни за нерационално користење на истите.  Заштитата на природните ресурси, ПОЛИТИКА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
  10. 10. Поимот одржлив развој е сложен и се состои од повеќе аспекти на човековиот живот и истовремено претставува идеална состојба или процес. Земјите како што е Република Македонија се соочуваат со практични проблеми во реализирањето на концептот за одржливиот развој. Туризмот како процес е одговорен за премногу промени во животната средина. Затоа во последно време се поголемо внимание се посветува на нејзината заштита и нејзино одржување. Туризмот и одржливиот развој денсес се сè повеќе актуелни и ја развиваат свеста кај туристите. ЗАКЛУЧОК

×