Your SlideShare is downloading. ×
Медиумска писменост - модул 3
Upcoming SlideShare
Loading in...5
×

Thanks for flagging this SlideShare!

Oops! An error has occurred.

×

Introducing the official SlideShare app

Stunning, full-screen experience for iPhone and Android

Text the download link to your phone

Standard text messaging rates apply

Медиумска писменост - модул 3

1,881
views

Published on

Published in: Education

0 Comments
1 Like
Statistics
Notes
  • Be the first to comment

No Downloads
Views
Total Views
1,881
On Slideshare
0
From Embeds
0
Number of Embeds
1
Actions
Shares
0
Downloads
17
Comments
0
Likes
1
Embeds 0
No embeds

Report content
Flagged as inappropriate Flag as inappropriate
Flag as inappropriate

Select your reason for flagging this presentation as inappropriate.

Cancel
No notes for slide

Transcript

  • 1. ОСНОВИ НА НОВИНАРСТВОТО И МЕДИУМСКА ПРОДУКЦИЈА
  • 2. • Информативна • Образовна • Забавна Општествена и политичка ф-ја Watchdog – чувар „четврта власт„ • Создавање на јавно мислење (Агенда сетинг вежба) • Општествена акција Функции на медиумите
  • 3. • „Не можете да имате добри весници без демократија, ниту суштинска демократија без весници“. Алексис де Токвил, француски писател Медиумите се основниот извор на информации, неопходни за луѓето да можат да го организираат својот живот, заедницата во која живеат и целиот општествен систем. • Дали може да си го замислите животот без ТВ? УЛОГАТА НА МЕДИУМИТЕ И НА НОВИНАРИТЕ ВО ОПШТЕСТВОТО
  • 4. • слободата на јавно изразување • јавното информирање и слободното основање институции за јавно информирање УСТАВНО ГАРАНТИРАНИ ПРАВА
  • 5. ЗАДАЧА 1 • Анкета: што е новинарот?
  • 6. • точна информација • најсоодветен извор • непристрасно известување • „глас на јавноста“ и противтежа на власта ДОЛЖНОСТИ НА НОВИНАРИТЕ
  • 7. „Работата на новинарите е да им го прават животот пријатен на оние со проблеми и да им го прават проблематичен на оние на кои им е удобно“. Финли Питер Дјун, американски писател КОЈ/ШТО Е НОВИНАРОТ?
  • 8. • Прибираат/селектираат /проверуваат информации • Ја кажуваат вистината • Консултираат повеќе страни (експерти, професионалци, граѓани) • Факти ≠ гласини, мислења • Независни од партии, влади, економски и политички центри ОД ШТО СЕ СОСТОИ РАБОТАТА НА НОВИНАРОТ?
  • 9. ЗАГУБЕНО КУЧЕ 50 долари награда Има три нозе Слепо на левото око Нема десно уво Има скинат опаш Се одѕива на името Лаки Што е медиумски вреден настан?
  • 10. • Новост • Влијанието на информацијата врз граѓаните • Елементи на драма, конфликт, скандал, трагедија, корупција... • ЧОВЕЧКИ ПРИКАЗНИ • Локално или глобално значење • Приказни за славните и познати личности Што е медиумски вреден настан?
  • 11. ШТО Е ВЕСТ? „Вест е се што ќе го натера читателот да каже: ’а бе ајде’.“ Артур Мекјуан, уредник • Се што претставува новост • Сето она што не сте го знаеле вчера • Она за што луѓето зборуваат • Што сакаат читателите да знаат • Извештај за еден настан • ИНФОРМАЦИЈА ШТО ВРЕДИ ДА СЕ ОБЈАВИ • Вежба: Анализа на весници
  • 12. ШТО Е ВЕСТ? ТРАЈАНОВСКИ: „ЌЕ СТАНЕМЕ МЕТРОПОЛА“ Извор: Дневник, 10.02.2010 СЕ РОДИ СИН НА ШЕХЕРЕЗАД И ОНУР Извор: Вест, 10.02.2010
  • 13. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВЕСТА • Новост: „Во Скопје ќе се гради Ајфелова кула“ • Влијание: „Под урнатините на Хаити исчезнати 200.000 лица“ • Блискост: „Авионска несреќа во Русија“ ИЛИ „Двајца загинати во сообраќајка во Битола“ • Истакнатост: „Мекици од Груевски само за дел од амбасадите“ • Необичност: „Совршено бебе од епрувета“ • Конфликт: „Тепачка во Собранието“
  • 14. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВЕСТА Совршено бебе од епруветаПутин на риболов
  • 15. • КРАТКО, БРЗО И ЈАСНО ЈАЗИКОТ НА МЕДИУМИТЕ
  • 16. • Златно правило: Најмалку два меѓусебно независни извора • Анонимни извори ИЗВОРИ НА ИНФОРМИРАЊЕ
  • 17. КАКО ПИШУВААТ НОВИНАРИТЕ? • Најважното напред! ИЛИ Правило на превртена пирамида • Два примера а) „Вчера во 15 часот, на автопатот Скопје-Велес, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа две лица на возраст од 18 години.“ б) „Двајца тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Скопје-Велес, вчера во 15 часот.“
  • 18. • Глава на веста („лид“) Двајца старци се тешко повредени во пожар, во кој целосно изгоре куќа во скопската населба Ѓорче Петров, вчера во 11 часот. • Поддржувачки факти Илија Петров (78) и неговата сопруга Трајанка Петрова (68) добиле изгореници од втор степен по рацете и телото додека се обидувале самите да го изгаснат пожарот со кофи со вода. Соседите незаинтересирано ги гледале и ги очекувале пожарникарите. Настраданите не се во животна опасност, но се задржани на болничко лекување. СТРУКТУРА НА ТЕКСТОТ
  • 19. • Парафраза/атрибуција: Истражниот судија Милан Радевски соопшти дека пожарот избувнал поради дотраени електрични инсталации. • Цитат: „Во мојата кариера сум бил на увид на десетици пожари и никогаш не сум видел луѓето вака немо и незаинтересирано да ја гледаат трагедијата на своите соседи”, вели тој. • Бекграунд: Ова е трет пожар за две недели на улицата „Мис Стон“. • Секундарна тема: Претставник на осигурителната компанија „Вардар осигурување” вели дека ќе го тужат „Електро Скопје” поради нередовно одржување на главниот електричен вод.
  • 20. • Кој? • Што? • Кога? • Каде? • Како? • Зошто? ПРИНЦИП „ШЕСТ ПРАШАЊА“
  • 21. Весникот кажува, телевизијата покажува, а онлајн медиумот кажува, покажува и дополнително овозможува интеракција. Редакција: репортери, уредници, фотографи, сниматели, монтажери, презентери, реализатори... Наслови, фотографии и илустрации Звук и слика Онлајн Пример: Прилог „Код“ Вежба: Уредувачка политика КАКО СЕ ПОДГОТВУВААТ ВЕСТИ?
  • 22. Редакцијата - местото каде се подготвуваат вестите. • внатрешна редакција, • надворешна редакција, • специјализирани редакции, како спорт, економија, култура и друго. КАКО СЕ ПОДГОТВУВААТ И УРЕДУВААТ ВЕСТИ?
  • 23. Структура на редакцијата
  • 24. • Некои од новинарите во весниците текстовите ќе треба да ги илустрираат со фотографии, мапи, табели и графикони. Новинарите во радио со монтажер ги склопуваат оф тонот и звучните парчиња, а оние во телевизија оф тонот, звучните парчиња и видеото, а ако треба ставаат и графичка илустрација, која претходно ја изработиле со графички дизајнер. КАКО СЕ ПОДГОТВУВААТ И УРЕДУВААТ ВЕСТИ
  • 25. • Финалните приказни во весникот се редат според редоследот што го предвидел уредникот на денот и весникот се печати. Додека приказните на радио и телевизија се емитуваат според сценарио што го подготвил уредникот на денот. Најавите во вестите ги чита презентер, а емисијата технички ја реализира реализатор. КАКО СЕ ПОДГОТВУВААТ И УРЕДУВААТ ВЕСТИ
  • 26. ДВА ПРИМЕРА • ТВ А1 •ТВ Сител УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА
  • 27. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАС Задача 1: Што е вест? (препорачано за II година средно) Опис на задачата: Наставникот ќе им покаже на учениците неколку примери на вести. Учениците треба да ја изберат информацијата со поголема вредност за вест и да објаснат зошто ја избрале (неколку примери следат). 1. А. Полицијата се уште ги истражува причините за пожарот во театарот во кој загинаа двајца. Б. Полицијата го истражува убиството на еден тинејџер што се случи денеска. (веста содржи новост) 2. А. Банките почнаа да одобруваат поволни кредити за граѓаните. (влијание - засега повеќе луѓе) Б. Индексот на Македонската берза порасна за 5 отсто. 3. А. Пет тинејџери од вашето соседство се затруле од печурки и се задржани во градската болница. (блискост според местото на живеење и возраста на учениците) Б. Петмина граѓани во Литванија умреле од отровни печурки.
  • 28. 4. А. Глумицата Анџелина Џоли пристигна во вашиот град на премиерата на нејзиниот најнов филм. (истакнатост – актуелната популарна актерка привлекува повеќе внимание) Б. Поранешната шефица на американскиот Стејт департмент ќе одржи предавање на универзитетот во вашиот град. 5. А. Во матичната служба во Скопје денеска се венчаа 7 млади парови. Б. Двајца млади денеска се венчаа во балон над градот. (необичност) 6. А. Оваа сезона се очекува навалица од туристи во Македонија. Б. Двајца туристи се убиени во близината на македонската граница со Грција. (конфликт – лошата вест подобро се продава) Теми за дискусија: Кои карактеристики ги поседува веста? Според вас, како би ја дефинирале веста? Наведете една од карактеристиките на веста и објаснете како таа определува дека приказната ќе се објави. Цел на задачата: Преку овие активности учениците ќе разберат: → Зошто некои вести заслужуваат да бидат на насловна страница или објавени во медиумите → Кои се одликите на медиумски важните вести
  • 29. http://www.vs.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article& УЧЕНИЦИТЕ ВО АКЦИЈА
  • 30. ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ВНИМАНИЕТО http://mediumskapismenost.edu.mk