Materijalna kultura vo Makedonija VI - IV vek pr. Hr. - Presentation Transcript
Приближно од периодот на IV век, а можеби и порано , од V - VI в. пр.Хр. , се датираат артефактите пронајдени во Кнежевската гробница во Требениште, гробницата кај Синдос, на лок. Петилеп – Беранци, како и последните археолошките откритија на Голема Порта во Охрид,. Во овие гробници пронајдени се предмети со типично македонски карактер. Тука се вбројуваат златните маски, нараквицата со прстен како и троножецот кој е типично македонски бидејќи во Хелада наместо троножец како погребен предмет се ставал клинеј - лежај. Златна маска локалитет Требениште VI – V век пр. Христа http://istoricar.blogspot.com Троножец локалитет Синдос, солунско
Вакви златни маски или фрагменти од нив се најдени на повеќе места во Македонија: во Синдос (Солунско), Требениште, лок. Петилеп – Беранци, Голема Порта (Охрид). Златна маска локалитет Голема Порта, Охрид Златна маска и нараквица локалитет Голема Порта, Охрид Златна маска локалитет Синдос, солунско http://istoricar.blogspot.com
Од овој период, освен златни маски, пронајдени се и најразлични други предмети од македонско потекло: мегарски чаши со претстави на македонското сонце, кратери, сребрени сандали, обетки, шлемови, сребрена количка и сл. http://istoricar.blogspot.com
0 comments
Post a comment