• Save
ЛИСАБОНСКАТА ПРИЗМА НА    ЕВРОПСКИОТ НАДВОРЕШНО-ПОЛИТИЧКИ  ИДЕНТИТЕТ
Upcoming SlideShare
Loading in...5
×
 

ЛИСАБОНСКАТА ПРИЗМА НА ЕВРОПСКИОТ НАДВОРЕШНО-ПОЛИТИЧКИ ИДЕНТИТЕТ

on

  • 1,208 views

Predavanje na Javna Administracija odrzano na den 15 Maj 2009 (prezentacija).

Predavanje na Javna Administracija odrzano na den 15 Maj 2009 (prezentacija).

ilik_rm@yahoo.com

Statistics

Views

Total Views
1,208
Views on SlideShare
1,207
Embed Views
1

Actions

Likes
1
Downloads
0
Comments
0

1 Embed 1

http://www.slideshare.net 1

Accessibility

Upload Details

Uploaded via as Microsoft PowerPoint

Usage Rights

© All Rights Reserved

Report content

Flagged as inappropriate Flag as inappropriate
Flag as inappropriate

Select your reason for flagging this presentation as inappropriate.

Cancel
  • Full Name Full Name Comment goes here.
    Are you sure you want to
    Your message goes here
    Processing…
Post Comment
Edit your comment

    ЛИСАБОНСКАТА ПРИЗМА НА    ЕВРОПСКИОТ НАДВОРЕШНО-ПОЛИТИЧКИ  ИДЕНТИТЕТ ЛИСАБОНСКАТА ПРИЗМА НА ЕВРОПСКИОТ НАДВОРЕШНО-ПОЛИТИЧКИ ИДЕНТИТЕТ Presentation Transcript

    • ЛИСАБОНСКАТА ПРИЗМА НА ЕВРОПСКИОТ НАДВОРЕШНО-ПОЛИТИЧКИ ИДЕНТИТЕТ
    • ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА НАДВОРЕШНО - ПОЛИТИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
      • Преку институционализација на идеите, политичката култура и дејствувањето, се настојува да се формира една когнитивна рамка или призма (Лисабонскиот договор како идентификаторска призма), преку која ќе се интерпретира и манифестира политичката реалност, капацитетот на заедницата и нејзините надворешно – политички преференци.
      • Во тој контекст, како фундаментални елементи на надворешно – политичкиот идентитет на ЕУ, може да се издвојат:
      • Делимитација, демаркација и легитимација на она што значи “наша ствар”, во однос на стварите на другите и другите како такви, како и
      • Способност да се дејствува и да се преземе одговорност преку легитимирање и институционализирање, а во контекст на polity-building концептот.
      • Додека пак, надворешно – политичкиот идентитет на ЕУ би можел да се дефинира како :
      • флуктуирачка манифестација на европските хетерогени, дискурзивни и универзално - ориентирани надворешно - политички преференци, a priori детерминирани од политичката волја на државите - членки.
      • Во однос на тоа, битно е да се потенцира дека, идентитетот не претставува нешто статично, фиксно или еднаш засекогаш дадено, туку тој претставува динамичен процес на (себе)осознавање, диференцирање и конституирање на препознатлива слика на една политичка заедница, а со тоа и еманирање на таа слика, во средината која ја опкружува таа политичка заедница.
    • ЛЕГИТИМАЦИЈА НА НАДВОРЕШНО – ПОЛИТИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА / УНИЈА
      • ЛИСАБОНСКИОТ ДОГОВОР КАКО ЛЕГИТИМАЦИЈА
      • НА НАДВОРЕШНО - ПОЛИТИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ЕУ
      • Лисабонскиот договор е склучен на 13 декември 2007 година, во главниот град на Португалија - Лисабон. Неговото значење , произлегува токму од институционално – политичката определба на државите-членки, за санација и консолидација на демократскиот дефицит и кризата на идентитетот на Унијата , во која таа се затекна по “падот” на европскиот устав.
      • Битно е да се нагласи дека, дефинирањето на надворешно – политичкиот идентитет на Унијата , истовремено не значи и негативно опонирање кон веќе етаблираните големи сили и единствената светска супер – сила, САД.
      • -Цели.
      • Подемократска и транспарентна Европа,
      • Ефикасна Европа,
      • Европа на правата, вредностите, слободите, солидарноста и безбедноста, и
      • Втемелувањето на европскиот надворешно – политички идентитет.
      • -Институционално – политички определби :
      • Интегрирање на европските надворешно – политички капацитети,
      • Воведување на институцијата “Претседател на Европскиот Совет”,
      • Воведување на институцијата “Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика” и воведување на “Европска служба за надворешно – политичка активност”
      • Конституирање на единствен правен субјективитет на ЕУ и
      • Прогрес во областа на европската безбедносна и одбранбена политика (ЕОА, ПСС)
      • Вредносна рамка. Станува збор за принципите, кои го инспирираа нејзиното создавање, развој и проширување, демократијата, владеењето на правото, универзалноста и неделивоста на човековите права и слободи, почитувањето на човековото достоинство, принципите на еднаквост и солидарност, како и почитувањето на стипулациите утврдени со Повелбата на Обединетите Нации и меѓународното право воопшто.
      • -Претседател на Европскиот Совет. Го избира Европскиот Совет, со квалификувано мнозинство на гласови, за мандатен период од две и пол години (фиксен мандат), со право на еден реизбор.
      • T ој е надлежен да:
      • Заседава со Европскиот Совети да ја унапредува неговата работа,
      • Да ја развива подготовката и континуитетот во неговата работа, а во соработка со Претседателот на Комисијата и Советот за општи прашања,
      • Да настојува да обезбедува кохезивност и консензус во рамките на Советот и
      • За својата работа, по секој состанок на Европскиот Совет, да поднесува извештај до Европскиот Парламент.
      • - Висок претставник на Унијата за НРБП . Со договорот, се фузира функцијата на Високиот претставник на ЕУ и онаа на Комесарот за надворешни работи и соседска политика на ЕУ (Бенита Ф. Валднер) . Со тоа, се настојува да се обезбеди поцврсто и монолитно координирање и организирање на надворешно – политичките активности на Унијата.
      • Високиот претставник, се овластува да врши политички креативна и репрезентативна функција, од име и во интерес на Унијата и на тој начин како внатрешно, така и надворешно – политички, да ја обезбеди неопходната кохезија, автономија и монолитност на европскиот ентитет во меѓународните односи.
      ИНСТИТУЦИОНАЛНО - ПОЛИТИЧКА АРХИТЕКТУРА НА ЛИСАБОНСКИОТ ДОГОВОР
      • - Европска Служба за Надворешни Акции. Врши координативна функција, преку мобилизација и кооптирање на дипломатските ресурси од државите-членки, како и координација на дипломатските активности на ниво на Унијата.
      • -Европска Одбранбена Агенција. Агенцијата, се овластува за : промовирање на мерки за реализација на одбранбените потреби, идентификување и кога за тоа ќе биде потребно имплементирање на мерките неопходни за јакнење на индустриско – технолошката база на одбранбениот сектор, партиципација во дефинирањето на европските капацитети и политиката на вооружување, помагање во работата и на Советот, евалузација на развојот на воените капацитети и.т.н. ( според “3D принципот ” односно “No Duplication, No Decoupling & No Discrimination” / недуплирање, непоклопување и недискриминација )
      • -Принцип на едногласност во донесувањето на одлуките од конкретната сфера!
      • -Перманентна Структурна Соработка. Претставува флексибилен, диспозитивен систем за партиципација во одбранбено – воениот систем на Унијата.
      • Оние држави – членки, кои ќе сакаат да учествуваат во перманетната структурна соработка и кои ги исполнуваат условите и прифаќаат обврските кон воените капацитети согласно протоколот за Перманентна Структурна Соработка, за својата намера ќе треба да го известат Советот и Високиот претставник на Унијата.
      • Институционализирана е клаузулата за солидарност.
      • Институционализиран е систем за финансирање на задачите и акциите, преку т.н. Start – up фондови.
      • Формирање на сили за брза интервенција ( rapid reaction forces ).
      • -Систем за донесување на одлуки.
      • Врз основа на системот на едногласност , се предвидува да бидат донесувани сите оние одлуки, од надворешно – политичката сфера на Унијата, кои директно се однесуваат на дефинирањето на стратешките интереси, целите и општите насоки за дејствување на Унијата во меѓународните односи, како и прашањата со воени или одбранбени импликации.
      • Во интерес на хармонизирањето на ставовите на државите – членки, при донесувањето на одлуките со овој систем, Високиот претставник се предвидува да заземе улога на медијатор , со цел истите да ги (раз)убеди во значењето од донесување на конкретната одлука, а истовремено да ги запази и испочитува нивните национални ставови.
      • -Се ( ре ) инсталираат принципите на т.н. “конструктивна апстиненција” и “кочница во услови на крајна нужда” ( emergency brake ), како и т.н. minority blocking (за одложување или преиспитување на конкретна одлука) , како национално – протекционистички инструменти на државите – членки.
      • -Според договорот, примената на системот за донесување на одлуки со квалификувано мнозинство гласови , ( ќе ) се применува:
      • При усвојување на одлука која се однесува на дефинирањето на акциите или позицијата на Унијата, а врз основа на одлука на Европскиот Совет , во однос со стратешките интереси и цели на Унијата,
      • При усвојување на одлука со која се дефинираат акциите или позициите на Унијата, на предлог на Високиот претставник на Унијата, а по добиена согласност од страна на Европскиот Совет , по негово барање или по барање на Високиот претставник на Унијата.
      • При усвојување на одлука за имплементирање на секоја одлука со која се дефинираат акциите или позициите на Унијата, и
      • При назначување на специјален претставник на Унијата.
    • ИНТЕГРАЦИОНИ ЕТАПИ И КОНЦЕПТУАЛИЗАЦИИ
      • -Прва етапа. И ницијално и примарно политичко приближување на државите – членки на Унијата. Ефектуира релативно флексибилен, необлигаторен и волунтаристички “систем” на меѓудржавно одлучување , во областа на надворешната политика. За најголема придобивка од оваа етапа , може да се издвои развивањето на “ иницијалната свест ” кај државите – членки, за значењето и неопходноста од интензивна политичка комуникација за прашањата од надворешно – политичката област.
      • -Втора етапа. Оваа етапа, е карактеристична поради конечното интегрирање на ЕПС во структурите на ЕУ, инсталирањето на тростолбниот систем , но истот така и постоење на предоминантен интерговернментализам во донесувањето на одлуките, демократски дефицит, воено – политичка рудиментираност, институционална нетранспарентност, јакнење на бирократизмот и.т.н.
      • -Трета етапа. Е тапа на finalité politique . * * *
      • -Алтернативна насока ! “Реформскиот договор” односно “Лисабонскиот договор”.
      • -Карактеристики. Лисабонскиот договор завзема специфично, круцијално и истовремено иницијално место на интеграционата каскада. Тој е комплексен, компромисорен и алтернативен “потомок” на “пропаднатиот” европски устав, кој отворено започнува да атерира во однос на прашањето за создавање на федерална Европа. Според тоа, со Лисабонскиот договор не се конституира, туку само се иницира надворешно – политичкиот идентитет на Унијата!
      • “ Деконституционализација ”, пр. преименување на институцијата “Претседател на ЕУ” во “Претседател на Европскиот Совет на ЕУ”, “Министер за надворешни работи на ЕУ” во “Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика”, потоа “европските закони”, “европските директиви” се преиначуваат во “пред-уставната” терминологија односно “европски регулативи” и.т.н.
      • Гаранции на државите – членки, дека Унијата нема да прерасне во политичка унија од федерален тип !!!
      • КОНЦЕПТУАЛИЗАЦИИ
      • Како генерални и неопходни предуслови за втемелување на еден надворешно – политички идентитет, се наведуваат:
      • Посветеност кон заедничките (европски) вредности,
      • Домашна легитимација (се мисли на европската легитимациска база) на системот за донесување на одлуки и приоритети, кои се однесуваат на надворешната политика,
      • Способноста за идентификување на приоритети и формулирање на политики, а засновани врз принципите на конзистентност и кохерентност, каде:
      • - Кохерентноста , индицира на степенот на совпаѓање помеѓу надворешната политика на државите – членки и онаа на Унијата, а додека пак
      • - Конзистентноста , се однесува на степенот на внатрешна координација на политиките во рамките на ЕУ,
      • Способноста и капацитетот, за употреба на политичките инструменти, како што е дипломатијата / преговорите и способноста за ползување на економските и воени средства.
      • Покрај тоа, се наведуваат и некои други елементи како посебни (пред)услови на еден надворешно – политички идентитет. Станува збор за:
      • Признавање , сфатено како прифаќање на ентитетот / Унијата и негова интеракција со другите,
      • Авторитет , кој се однесува на правно фундираните компетенции за дејствување,
      • Автономија , или институционално – политичка дистинктивност во однос на друг ентитет и секако
      • Кохезија , или степен до кој ентитетот е способен внатрешно да формулира и артикулира конзистентни политички преференци.
      • - Димензии на кохезија :
      • вредносна кохезија , која ex natura поседува инклузивна и интегративна функција ,
      • тактичка кохезија , која се појавува во услови на дисхармонизација на политичките ставови на државите – членки, со цел нивно “тактичко” хармонизирање, а поради исполнување на предвидените задачи и цели ,
      • процедурална кохезија , која имплицира на консензусот при имплементирањето на процедурите, кои се употребуваат за решавање на “проблематични” прашања ,
      • output кохезија , директно имплицира на способноста за артикулирање и формулирање на политика, која треба да обезбеди единствен настап во меѓународните односи на конкретниот ентитет.
      • * * *
      • - Природа на идентитетот . Се алудира на безбедносно – одбранбена димензија на Унијата како етаблирана цивилна / невоена сила односно како “ мисионерска заедница од норми ” .
      • *Цивилната моќ на Унијата, не произлегува од средствата со кои таа располага, туку е детерминирана од целите, чие исполнување се предвидува !
      • Во рамките на тоа, Унијата по стапувањето на сила на Лисабонскиот договор, ќе стекне ПРИМАРНО интервентен капацитет и способност за ИНИЦИЈАЛНО надворешно – политичко дејствување.
      • Според тоа, ако не во функционална, барем во репрезентативна смисла ќе се заокружи “другоста” односно идентитетот на Унијата во однос на другите глобално – политички актери. Според тоа, преку формулирањето на еден таков, иницијално интервентен, нео – кооперативен надворешно – политички идентитет , Унијата ќе се “оспособи” себеси, за иницијално справување со глобалните предизвици, особено со предизвикот на мултиполарниот светски поредок.
      • ПОСТ – ЛИСАБОНСКАТА ЕВРОПА И ПРЕДИЗВИКОТ НА МУЛТИПОЛАРИЗМОТ
      • Ефектуирањето на “лисабонската” легитимациска база, ќе придонесе кон јакнење, интегрирање и иницирање на европската способност и капацитет за дејствување на светската политичка сцена, а со тоа и кон постепено, иницијално реализирање на исконската желба на Унијата, за воведување на светот во новиот, мултиполарен светски поредок.
      • Мултилатерален мултиполаризам и
      • Инструментален ( диригиран ) мултиполаризам.
      • * * *
      • - Транс – атлантско партнерство , “најсилното, најдлабокото и стратешки најбитното партнерство во светот”.
      • - Русија , “ демократизацијата ” , енергетиката, целосната интеграција на руската економија во глобалните финансиски системи и заедничкото соседство (особено кога станува збор за Украина и Грузија и нивните стремежи кон евро-атлантските интеграции) – проблем со одржливоста на европските цивилни интервенции на среден или долг рок.
      • - Кина , обезбедување на стабилност и отвореност на Кина во глобалниот економски систем, интегрирање на Кина во новата глобална архитектура за справување со климатските промени, соработката на ЕУ и Кина во Африка, а во интерес на просперитетот, стабилноста и доброто владеење на континентот, како и охрабрување на Кина за превземање на што поголема одговорност во глобалното владеење.
      • - Среден Исток , “позитивна условеност” кон државите од регионот , како политички инструмент.
      • Интеграција на Турција во ЕУ,јакнењето на регионалната соработка во Средниот Исток, инвестирањето во иднината на палестинската држава, пронаоѓањето на соодветни начини за враќање на довербата кај народот на Израел, доставување на соодветна безбедносно-одбранбена помош, како инвестиција во мирот помеѓу завојуваните страни.
    • КОНСТАТАЦИЈА Лисабонскиот договор, претставува компромисорно – контрактуелно решение за продолжување или одложување на процесот за политичка унификација на Унијата. Поради тоа, тој завзема едно алтернативно, но истовремено и круцијално место во евро - интегративните процеси. Се конклудираат заложбите на неговите креатори, за инсталирање на еден псевдо-супранационализам , квази-комунитаријанизам и исклучително “шизофренична” делинеација на стипулираните институции, нивните надлежности и функционалност . Во врска со тоа, “втемелувањето”, треба да се разбере во една минималистичко – конотативна смисла на зборот, бидејќи договорот по тоа прашање, врши само иницирање на надворешно – политичкиот идентитет на Унијата . Додека пак, доколку стане збор за “втемелување” во класична смисла на зборот, тоа подразбира донесување на конституционален политичко – правен документ. Инсталирањето на “двата телефонски броја”, има функција репрезентативно да го обезбеди нејзиното присуство во меѓународните односи , како politea sui generis in status nascendi !
    • Изработил : Горан ИЛИЌ