Albert

350 views
266 views

Published on

Published in: Education
0 Comments
0 Likes
Statistics
Notes
  • Be the first to comment

  • Be the first to like this

No Downloads
Views
Total views
350
On SlideShare
0
From Embeds
0
Number of Embeds
0
Actions
Shares
0
Downloads
2
Comments
0
Likes
0
Embeds 0
No embeds

No notes for slide

Albert

  1. 1. ИЗРАБОТИЛЕ:Христијан ТасескиКристијан ПопоскиГоран Велјановски Ангел Матески
  2. 2.  Алберт Ајнштајн (14 март, 1879 – 18 април, 1955) бил германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за масно- енергетска еквиваленција, . Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година „за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие нафотоелектричниот ефект.“ Во огромниот број на придонеси на Ајнштајн кон физиката се вбројува неговата специјална теорија на релативноста, која ги споила механиката и електромагнетизмот, и неговата општа теорија на релативноста, која ја проширила теоријата на релативноста за нерамномерното движење, создавајќи нова теорија на гравитација. Има бројни придонеси во полињата на релативистичка космологија, капиларна акција, критична, опалесценција, класични проблеми на статистичката механика и нивната примена во квантната теорија, објаснување на брауновото движење на молекулите, веројатности на атомската транзиција, квантната теорија наедноатомски гасови, термодинамичките својства на светлината со ниско ниво на радијација (со што ги дава темелите на теоријата на фотони), теорија за радијација вклучувајќи стимулирана емисија, концептот натеоријата на унифицирани полиња и придонеси кон физичката геометризација. Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела. Има статус на славност во заедницата на физиката, а магазинот Тајм во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана познато име.
  3. 3.  Ајнштајн студирал во Цирих на Eidgenössische Technische Hochschule од 1896 до 1900 година каде му е доделена учителска диплома. Во 1901 година станал државјанин на Швајцарија. По завршени студии Ајнштајн се вработува во Патентниот завод на Швајцарија. Ајнштајн докторирал во 1905 година со теза "Нов вид на воспоставување на молекуларни димензии" ("Eine neue Bestimmung der Moleküldimensionen"). Истата година напишал неколку студии кои ги имаат воспоставено темелите на современата физика. Неговите истражувања се дотолку импресивни оти немале обимни наводи во поранешната научна литература и представувале битен исчекор кон нови разбирања на физичките феномени. Три од нив, на темите на брауновото движење, фотоелектричен ефект и специјална релативност се од посебна важност бидејќи разјасниле набљудувања за кои што до тогаш не постоеле научни објасненија. Ајнштајн станал светска позната личност по неговата формулација на теоријата на релативитетот во 1915 година. Неговата популарност има достигнато такво ниво што во секојдневниот говор зборот Ајнштајн претставува синоним за интелигентен или генијален. Последните години од својот живот ги посветил на изучување на обединувањето на теориите на гравитација и електромагнетизам.
  4. 4.  Алберт Ајнштајн бил роден во еврејско семејство во Улм, Виртемберг,Германија на 14 март 1879. Неговиот татко бил Херман Ајнштајн, продавач и инженер. Неговата мајка била Полин Ајнштајн (моминско презиме Кох). Во 1880, семејството се преселило во Минхен, каде неговиот татко и вујко формирале компанија, „Elektrotechnische Fabrik J. Einstein & Cie“, која произведувала електрична опрема. Ајнштајнови не биле посериозни еврејски религозни верници, па затоа Алберт посетувал католичко основно училиште. Иако Ајнштајн имал рани говорни маани, тој сепак бил меѓу врвните ученици во училиштето. Алберт Ајнштајн во 1893 (на 14 години), пред неговото семејство да се пресели во Италија. Кога Ајнштајн имал пет години, неговиот татко му покажал џебен компас. Ајнштајн сфатил дека има нешто во празниот простор што ја движи иглата и подоцна изјавил дека ова искуство му направило „длабока и долготрајна импресија“. На инсистирање на неговата мајка, тој земал часови по виолина на шестгодишна возраст, и иако не ги сакал и евентуално се откажал, подоцна многу уживал во моцартовите.виолински сонати. Како што растел, Ајнштајн градел модели и механички направи од чиста забава, а почнал да покажува и талент за математика.
  5. 5.  Во 1889, семејниот пријател Макс Талмуд, медицински студент, го запознал десетгодишниот Ајнштајн со клучни научни, математички и философски текстови, вклучувајќи го делото на Кант Критика на чистата причина и евклидовите Елементи(Ајнштајн ја нарекол „малата света геометриска книга“) Од Евклид, Ајнштајн почнал да разбира дедуктивно резонирање, и до дванаесетгодишна возраст, тој ја научил евклидовата геометрија. Веднаш потоа почнал да го истражува калкулусот. Во неговите рани тинејџерски години, Ајнштајн ја посетувал прогресивната гимназија Луитполд. Неговиот татко имал намера тој да следи електрично инженерство, но Ајнштајн се судрил со авторитетните во училиштето и со школскиот режим. Тој подоцна напишал дека духот на учење и креативноста биле
  6. 6.  Ајнштајн себеси се сметаше за пацифист и хуманист, а кон крајот на животот и за демократски социјалист. Особено изразен беше неговиот пацифизам, при што Ајнштајн посебно ги почитуваше погледите на Махатма Ганди. Познато е неговото залагање за одбрана на човековите права, кое особено дојде до израз за време на макартизмот во САД. Кога истакнатиот црнечки лидер В. Е. Б. Дибуа беше обвинет дека е комунистички шпион, Ајнштајн сам се пријавува за сведочи во негова корист. Во таа прилика Ајнштајн изјавува: „Расизмот е најголема болест на Америка.“ По објавата на Ајнштајн дека ќе сведочи во одбрана на Дибуа, обвинението против него е повлечено. Најконтроверзен е ставот на Ајнштајн кон атомската бомба. Непосредно пред почетокот на Втората Светска Војна, на 2 август 1939 година Ајнштајн му пишува писмо на американскиот претседател Френклин Рузвелт, поттикнувајќи го да започне истражувања за пронаоѓање на нуклеарно оружје. Сепак, подоцна Ајнштајн се спротивставува на употребата на нуклеарното оружје и не учествува во проектот за создавање на атомска бомба. По војната Ајнштајн се промовира како еден од најголемите критичари на нуклеарното оружје. Ајнштајн бил и приврзаник на ционизмот. Во 1952 новосоздадената Држава Израел му понудува да стане втор претседател на земјата, но Ајнштајн ја одбива понудата, тврдејќи дека не поседува доволно способности за справување со луѓе.
  7. 7. „Јас немам некој посебен талент. Јас сум само страсно љубопитен.“„Не е дека јас сум толку паметен, туку подолго се задржувам на проблемите.“„Човекот кој никогаш не направил грешка, никогаш не пробал нешто ново.“„Јас никогаш не размислувам за иднината – таа пристига доволно брзо.“„Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаење е искуството.“„Лудило: постојано повторување на истиот обид и очекување различни резултати.“„Не стремете се кон успех, туку кон вредност.“
  8. 8.  МАЈ 2012.

×