• Like
  • Save
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Upcoming SlideShare
Loading in...5
×

Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010

  • 1,554 views
Uploaded on

 

More in: Education
  • Full Name Full Name Comment goes here.
    Are you sure you want to
    Your message goes here
    Be the first to comment
No Downloads

Views

Total Views
1,554
On Slideshare
0
From Embeds
0
Number of Embeds
0

Actions

Shares
Downloads
0
Comments
0
Likes
1

Embeds 0

No embeds

Report content

Flagged as inappropriate Flag as inappropriate
Flag as inappropriate

Select your reason for flagging this presentation as inappropriate.

Cancel
    No notes for slide

Transcript

  • 1. ПРИРАЧНИК ЗА КРЕИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СТРАТЕГИИ
  • 2. ПРИРАЧНИК ЗА КРЕИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СТРАТЕГИИ Коалиција на младински организации СЕГА Ул. Иво Лола Рибар бр.5 7500 Прилеп Р. Македонија E-mail: sega@sega.org.mk Web: www.sega.org.mk Тел: 048 429 390 Март, 2010
  • 3.   2  Автори: Маја Ивановска Крстевска Томислав Гајтановски Елизабета Марковска Зоран Илиески Марија Нашоковска Димитар Спасеновски За издавачот: Зоран Илиески Издавач: Коалиција на младински организации СЕГА Техничка подготовка: Моника Илиоска Година на издавање: 2010 CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 352.077: 342.571-053.6 (497.7) ПРИРАЧНИК за креирање на локални младински стратегии / [aвтори Маја Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Иваноска Крстевска ... и др.]. – Прилеп: Коалиција на младински организации СЕГА, 2010. – 46 стр.; 21 см фусноти кон текстот. – Библиографија: стр. 45 ISBN 978-2893-5-4 1.Иваноска Крстевска, Маја [автор] a) Локална самоуправа – Стратегии за младинско учество – Македонија - Прирачници COBISS.MK-ID 82103818 “Овoj прирачник беше овозможен во рамките на програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. Овде наведените мислења се мислењата на авторот/ите и нужно не ги рефлектираат мислењата на ЦИРа и SDC” Проектот е финансиски поддржан од локалните самоуправи:  Кисела Вода  Тетово  Штип  Кавадарци  Прилеп  Свети Николе  Радовиш   Гевгелија  Битола   
  • 4.             3  СОДРЖИНА Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии ЗА КОАЛИЦИЈА СЕГА ..................................................................................................... 5  ВОВЕД ................................................................................................................................. 7  1. СТРАТЕГИЈА И ПРЕПОРАКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО ВРСКА СО ЛОКАЛНАТА ПОЛИТИКА ЗА МЛАДИ ........................................................................... 9  1.1 Актуелна стратегија на Европската Унија ........................................................ 9  1.2 Препораки на ЕУ за спроведување на локални политики за млади ......... 9  1.2.1 Европска Повелба за учество на младите во локалниот и регионалниот живот ................................................................................................. 9  1.2.2 12 Клучни прашања на младите на локално ниво  ............................... 11  . 2. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА ......................................................................................... 12  2.1 Дефинирање на младинската политика ......................................................... 12  2.2 Дефинирање на поимот млади ......................................................................... 12  2.3 Развоен пристап спрема младите ................................................................... 14  2.4 Младите како ресурс ........................................................................................... 15  3. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА ...................................................... 16  3.1 Локални младински политики ............................................................................ 18  3.2 Локални Стратегии за Млади во Македонија ................................................ 19  3.3 Искуства во креирањето на локалните стратегии за млади ..................... 19  4. ЧЕКОРИ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА ..... 21  4.1 Воспоставување на соработка со локална самоуправа ............................. 21  4.2 Формирање на тим кој ќе го координира процесот на ЛМС ...................... 22  4.3 Дефинирање на младинските потреби на локално ниво ........................... 25       
  • 5.   4  4.4 Промоција на потребите во заедницата  ........................................................ 28  . 4.5 Формирање на работни групи за подготовка на документот .................... 28  4.6 Следење на работата на работната група .................................................... 29  4.7 Прв дел на документот: Анализа на ситуацијата ......................................... 29  4.8 Втор дел на документот: Петгодишна стратегија ........................................ 30  4.9 Трет дел на документот: Акционен План за една година .......................... 31  4.10 Документ на јавна расправа ............................................................................ 32  4.11 Усвојување на документот во Советот на Општината ............................. 33  4.12 Печатење на документот во вид на брошура, промоција и дистрибуција ................................................................................................................ 33  5. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЛМС ...................................................................................... 34  5.1 Именување на службеник / референт за младински прашања во ЕЛС . 34  5.2 Буџет за млади ..................................................................................................... 35  5.3 Формирање на градско тело за следење на ЛМС ....................................... 36  Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии ПРИЛОЗИ  ......................................................................................................................... 37  . Предлог методологија за спроведување истражување на потребите и проблемите на младите луѓе на локално ниво ....................................................... 38  АГЕНДА ............................................................................................................................. 43  КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ......................................................................................... 45   
  • 6.             5  ЗА КОАЛИЦИЈА СЕГА Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Иницијативата за формирање на Коалиција на младински организации беше покрената од страна на Младински Совет - Прилеп и две партнер- организации за аплицирање и имплементација на проектот “Младински Национален Акционен План”. Како продолжение на започнатиот процес, Коалицијата на Младински организации „СЕГА” неформално е формирана на 20 Јануари 2004 год. со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на РМ и да помогне во исполнување на потребите на младите. На 27 Септември 2004 год. е донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение на граѓани. Членството на Коалицијата (во овој момент) го сочинуваат 18 полноправни и 16 придружни организации-членки. Управувачката структурата ја сочинуваат следниве органи:  Собрание - составено од сите членки;  Управен одбор - составен од 5 претставници од организации полноправни членки;  Надзорен одбор - составен од 3 членови. Извршната структура е организирана во Централна канцеларија со седиште во Прилеп и 5 регионални канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и 2 во Скопје. Визија СЕГА е одржлива и развиена младинска организација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот. Нашето делување доведува до подобрена општа состојба на младите, нивна вклученост во донесување одлуки и примена на законски регулативи. Нашиот успех се препознава во промовирањето на младите како ресурс во општеството, спремни да одговорат на новите предизвици. Мисија Коалицијата на младински организации “СЕГА” работи на развивање и примена на младинските политики во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.      
  • 7.   6  Вредности и принципи на работа - Меѓусебна поддршка; - Волонтерство; - Промовирање на младите како ресурс; - Младински активизам; - Младинска партиципација; - Транспарентност; - Демократија, меѓусебна доверба и соработка; - Организирање и вклучување на младите; - Развој на заедниците; - Информираност; - Застапување и лобирање за младинска политика. Поле на делување Според новиот тригодишен Стратешки план на Коалиција СЕГА (2010 – 2012) постојат три програми во развојниот процес: - Иницирање и спроведување на законски регулативи (на национално и локално ниво) кои придонесуваат за подобрување на животот на младите во РМ Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии - Поддршка на младинскиот активизам - Зголемување на информирањето и учество на младите во активности за решавање на нивните проблеми Секоја организација (членка на Коалиција СЕГА) има развиено свои специфични програми кои се одвиваат независно од Коалицијата постоејќи како ресурс за имплементација. Меѓу овие програми се демократија, човекови права, студентски права, малцински права.  
  • 8.             7  Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии ВОВЕД Во многу земји во Европа државите креираат Национална стратегија за млади, а општините Локални Младински Стратегии. Голем број на заедници ја покажуваат својата транспарентност во решавањето на младински проблеми во кохерентен и ефикасен пат. Постоењето на квалитетна младинска политика на локалнo ниво може да донесе вистински бенефиции и промени. Кога е инициран процесот на креирање на младинска политика, важно е да се утврди кои конкретни промени треба да бидат постигнати и кои подобрувања да се направат. Постои различна методологија за креирање на ЛМП. Некои заедници тргнуваат од опис на визија, некои претпочитаат да се фокусираат на цели и потцели. Нема правилен или погрешен начин да се направи ова. Локалните креирачи на политика треба да бидат само јасни за тоа што специфично сакаат да го постигнат, во кое време, со кои ресурси, како тие планираат да го направат тоа, и како сакаат да го евалуираат целиот процес. Во Република Македонија во текот на 2004 година се подготвуваше доста важен документ за младите Национална стратегија за млади. Содржината на НСМ се подготвуваше низ обемен национален процес воден од Агенција за Млади и Спорт. Во овој процес преку организирање на различни активности младите луѓе од различни градови во Македонија го дадоа својот придонес. Во Националната стратегија се опфатени осум приоритети: образование, младинско самовработување, поддршка пред вработување, квалитет на живеење, здравство и превенција, партиципација на младите, младинско информирање, култура и локална младинска работа. Во декември 2004 година НСМ беше свечено предадена на Владата на Република Македонија на усвојување. Официјалното усвојување на документот беше направено во Декември 2005 година. По иницијатива на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Коалицијата на младински организации СЕГА на почетокот на месец септември 2007 година отпочна процес на подготовка на Национален Акционен план за имплементација на Националната стратегија за млади. Целта на НАП за имплементација на НСМ е да обезбеди систематско, фокусирано и сеопфатно делување на актерите во младинската сфера во Република Македонија, а во насока на разрешување на младинските проблеми и задоволување на потребите утврдени со Основната студија за младинските трендови во Република Македонија и НСМ. Во приоритетот      
  • 9.   8  локална младинска работа предвидено е да се креираат Локални Младински Стратегии во 10 општини во Република Македонија. 0д 01 јануари 2010 година Коалиција СЕГА започна да го имплементира проектот „Креирање на Локални Младински Стратегии“. Проектот е финансиран од Агенција за млади и спорт, програмата „CIVICA Mobilitas“ (во имплементација на Центарот за Институционален Развој, а финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка), 9 општини во Република Македонија (Кисела Вода, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Гевгелија, Штип, Свети Николе и Радовиш) и Коалиција СЕГА. Целта на проектот “Креирање на Локални Младински Стратегии“ е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на Локални Младински Стратегии. Во состав на проектот е и изготвувањето на овој прирачник кој што долгорочно ќе биде користен како алатка за изготвување на локални младински политики во другите општини во РМ. Искрено, Коалиција на младински организации СЕГА Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии  
  • 10.             9  Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии 1. СТРАТЕГИЈА И ПРЕПОРАКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО ВРСКА СО ЛОКАЛНАТА ПОЛИТИКА ЗА МЛАДИ   1.1 Актуелна стратегија на Европската Унија Во мај 2009 година Европската Комисија (Комисија ЕУ) усвои уште една нова стратегија за млади „Млади – вложување и јакнење“ која се однесува за период од 10 години. Оваа стратегија доаѓа од фактот дека младите се во време на финансиска и економска криза, најранлива група, како и непроценлив ресурс (извор, богатство) за развој, посебно во средините во кои има возрасни. Новата стратегија е меѓусекторска и се занимава со клучни стратегии кои ги засегаат младите во следниве области: Образование, вработување, социјална вклученост, здравје и спорт, креативност, волонтерство и учество на младите. Оваа стратегија инсистира на важноста на младинската работа и ги дефинира начините за подобро спроведување на младинската политика на локално ниво. Новата стратегија има две основни цели:  Создавање за поголеми можности на младите во образованието и вработувањето  Поголема вклученост на младите во социјалниот живот и поголема солидарност на младите Европската Комисија ја усвои оваа стратегија во консултација со националните власти, Европскиот младински форум (организација за млади во Европа), младински организации и други заинтересирани страни. Младите се сега повикани да реагираат на предлогот на Европската Комисија и тоа ќе се одвива и во наредните фази на континуиран дијалог помеѓу ЕУ и младите. 1.2 Препораки на ЕУ за спроведување на локални политики за млади   1.2.1 Европска Повелба за учество на младите во локалниот и регионалниот живот Еден од најзначајните документи кои ја промовираат локалната политика за младите и учеството на младите е Европската Повелба за учество на младите во локалниот и регионалниот живот, која е усвоена во 1992 година. Во нејзината преамбула стои: „Од голема важност е ако учеството треба да биде значајно за младите, тие да можат да влијаат и да креираат одлуки и      
  • 11.   10  активности кога се млади, а не само кога се во подоцната фаза од животот. Кога локалните и регионалните власти го поддржуваат и поттикнуваат младинско учество тие допринесуваат за социјална интеграција на младите, помагајќи им да се справат не само со предизвиците и пороците на младината туку и со предизвиците на модерното општество каде анонимноста и индивидуализмот се често подоминантни. Сепак, за учеството на младите луѓе во локалниот и регионалниот живот да биде продуктивно, долготрајно и значајно, потребно е повеќе развој или реконструкција на политичките или административните системи“. Во еден од принципите на Повелбата се укажува на тоа дека посебно треба да се обрати внимание на непривилигираните слоеви, посебно на малцинствата, без разлика на етничката, националната, сексуалната, културната, религиозната и јазичната припадност. Оваа повелба опфаќа три дела: ‐ Секторска политика (политика за спорт, рекреација и асоцијативен живот, политика за поттикнување на младинско вработување и борба против вработеноста, урбана средина и живеалиште, политика за сместување и транспорт, едукативна и тренинг политика која промовира младинско учество, политика за мобилност и размени, здравство и полова еднаквост, специфична политика за рурални региони, политика за пристап во културата, политика за одржлив развој и животна средина, политика за борба против насилство и Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии криминал, антидискриминација, политика за сексуалност како и пристап до правата и законот). ‐ Инструменти за младинско учество (обука за младинско учество, информирање на млади луѓе, промовирање на младинското учество преку интерактивни и комуникациски технологии, поттикнување на младинското учество во медиумите, поттикнување на младите луѓе да прифатат волонтерска работа и да се посветат на заедничкото добро на заедницата, поддршка на проекти и иницијативи на млади луѓе, промовирање на младински организации и младинското учество во невладини организации (НВО) и политички партии). ‐ Институционално учество на млади луѓе во локалните и регионалните работи (Младински Совети, Младински Парламенти, Младински Форуми и поддршка на структурите на младинското учество)  
  • 12.             11  1.2.2 12 Клучни прашања на младите на локално ниво Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии (Младинска информативна агенција (МИА), препораки на ЕУ) 1. Кој е одговорен за младите на локално ниво? Службеникот за млади во Локалната Самоуправа – референт / стручен соработник за младинските прашања 2. Кој ги креира политиките за младите и го нагледува нивното спроведување? Советниците на општинските совети 3. Како ќе се осигуриме дека младинската политика ги покрива различните сектори? Низ формирање на меѓусекторски тела на градско ниво. 4. Од каде средства на младите за да ги спроведуваат активностите? Од средствата од буџетот за младите. 5. Што е основа за спроведување на младинската политика на локално ниво? Локален акционен план за млади. 6. Кои се условите за постоење и активно делување на младинските НВО? Инфраструктура за млади и материјални трошоци. 7. Што гарантира дека младите ќе бидат информирани? Информативна политика за млади. 8. Како знаеме на кои проблеми од младите треба да се фокусираме? На основа на спроведените истражувања за младинските потреби. 9. Како да изградиме вештини и да ја подигнеме свеста кај младите за одредени теми? Преку неформално образование (знаење и вештини) 10. Како да размениме искуства за младинската политика и патувањата на младите? Преку овозможување на мобилност на младите. 11. Каде се собираат сите облици на самоорганизирање на младите во некоја локална заедница? Во локален младински совет. 12. Кој дава совети на локалните власти поврзано со младинската политика? Младинското советодавно тело. Претставници на локалната самоуправа.      
  • 13.   12  2. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА 2.1 Дефинирање на младинската политика Европскиот младински форум во својата резолуција за младинска политика (1998), европската младинска политика ја дефинира како меѓусекторска, интегрирана политика насочена кон младите, со младите и која произлегува од потребите на младите луѓе. Нејзината цел е да ги подобрува и унапредува животните услови и учеството на младите луѓе вклучувајќи ги низ социјалните, културните и политичките прашања кои нив ги засегаат. Експерти од Меѓународниот совет на национална младинска политика, младинската политика ја дефинираат како онаа политика што е предложена од страна на Владата во соработка со младинските организации и која е усвоена од страна на Парламентот или претседателот на државата и која јасно ја одредува положбата и улогата на младите во општеството како и одговорноста на општеството и јавните институциите спрема младите. Младинската политика е збир на мерки и активности кои се преземаат за да се задоволат потребите на младите. Младинската политика е поврзана со категоријата млади која претходно ја дефиниравме и како таква е во корелација со сите општествени сфери кои пак се опфатени во посебни политики. Така на пример и во здравствената политика има здравствена Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии политика за млади, во економската политика има економска политика за млади и сл. Ова значи дека на ниво на една држава може да постои национална младинска политика која стратешки ги планира младинските акции во сите сфери на општеството, а таквите младински акции да се операционализираат преку засебни младински политики. Во Република Македонија Националната Стратегија за Млади ја претставува општата национална младинска политика, додека во другите сфери не секогаш можат да се најдат специфично политики за млади. Така на пример, посебни младински политики постојат во здравството, во образованието, во политиката за третирање на невработеноста, делумно во социјалната сфера. 2.2 Дефинирање на поимот млади Поимот млади различно се дефинира, но клучната карактеристика според која се разликуваат дефинициите е возраста т.е. возрасната група во која се наоѓаат младите луѓе. Зависно од младинската политика на државата млади луѓе може да се сметаат сите оние кои спаѓаат во возрасната група од 18 – 24 години, или пак од 15 – 24 години. Но исто така зависно од локалниот  
  • 14.             13  контекст во кој се гради една младинска политика, во рамки на широкиот поим млади може да се разликуваат различни подгрупи како на пример Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии млади адолесценти од 15 – 18 години, или повозрасни адолесценти од 19 – 24 години и сл. Според Генералното собрание на ОН - статистика за младите, децата се дефинираат како посебна група кога се на возраст под 15. Според Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето деца се до 18 години, со што се обезбедува поголема заштита на правата на децата до 18 години. Според истражувачите кои работат во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), младите генерално се дефинираат како група на возраст помеѓу 15 и 24 години, генерација помеѓу детството и возрасните. На возраст од 13 - 19 се тинејџери и 20 - 24 се млади. Според Националната Стратегија за Млади на Република Македонија НСМ (Национална Стратегија за Млади на Република Македонија, стр.2, дел Општи одредби, Агенција за млади и спорт 2005 година) „Под терминот млади во Република Македонија се подразбира посебна социо - етичка категорија на население на возраст од 15 – 24 години која е особено ранлива на социо- економските промени во општеството и која претставува основен ресурс за развој носејќи ја критичната мисла и порив за промени и иден напредок“. Имајќи ги во предвид последиците од социо – економската криза во Република Македонија која го оневозможува процесот на развој на една активна и одговорна индивидуа (пролонгирано време на едукација, неможност да се најде работа, неможност да се заснова семејство, економска зависност од родителите или немање на економска и оттука лична независност) секоја сериозна акција или програма за млади треба да ги земе во предвид и лицата од 24 – 30 години со цел ублажување или отстранување на пречките кои стојат пред нивниот развој како индивидуи и одговорни граѓани на општеството“.1 Значи, во Македонија популацијата млади се сметаат сите кои се на возраст од 15 – 30 години, а оваа популација е 23, 8 % од вкупната популација во Македонија. Теоретски гледано, младите се сите личности кои се наоѓаат во развоен период каде му се признава психофизичката а не и социјалната зрелост. Достигнувањето на социјалната зрелост не зависи само од младите, туку и од сите можности кои му ги нуди општеството како би достигнале социјална зрелост. Оттука имаме различно дефинирање на старосната граница на младите. Во различни држави варира старосната граница на младите.                                                              1 Национална Стратегија за Млади на Република Македонија, стр. 2, дел Општи одредби, Агенција за млади и спорт 2005 година      
  • 15.   14  Спрема Светска банка, младите се личности кои се на возраст од 15 – 24 години. Од друга страна на просториите на поранешна Југославија, старосната граница е поместена нагоре и е следна: Црна Гора 15 – 29 години Хрватска 15 – 29 години Македонија 15 – 30 години Босна и Херцеговина 15 – 30 години 2.3 Развоен пристап спрема младите „Денешните млади сакаат луксуз. Имаат лоши манири и презир, не ги почитуваат возрасните и повеќе сакаат да зборуваат отколку да учат. Повеќе не стануваат кога ќе доаѓа возрасен в соба. Не ги почитуваат родителите, не јадат пристојно и ги малтретираат своите родители“. (Софокле V век п.н.е.) Начинот на кој младите се видени и опишани во V век п.н.е. се применува во денешно време. Покрај тоа, денешните млади често се опишуваат како генерација без перспектива или изгубена генерација. За нив се зборува дека се незрели или пак созреваат многу бргу и започнуваат со сексуални односи, како и дека се неодговорни, агресивни со пореметени вредности. Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Набљудувањето на младите само низ горе наведените карактеристики, односно проблеми не доведува до ситуација да службите кои работат со младите креираат краткорочни програми кои парцијално ја согледуваат комплексната слика за развојот на младите наспроти целосна. Овој пристап се нарекува проблемски ориентиран пристап спрема младите, кој што резултира со краткотрајни ад – хок програми кои се насочени кон „гасење оган“ и решавање на проблеми каде и да се појават. На овој начин, општеството покажува немоќ да искористи еден од најважните потенцијални ресурси за просперитет. Едно од основните искуства кое го соопштуваат голем број на млади е дека тие никогаш не се прашани што сакаат и кои се нивните потреби и приоритети. Како последица на ова, голем број на млади се чувствуваат исклучени што доведува до пасивност како и да не можат да ја согледаат својата улога во општеството. Кога ја анализираат својата положба, младите често го наведуваат недостатокот на информацијата, и недостаток на служби кои се занимаваат со младите во заедницата. Спротивно на овој пристап се наоѓа развојниот пристап спрема младите. Овој пристап е насочен на холистично согледување на младите во контекстот во кој се наоѓаат како и на прифаќањето на младите како огромен  
  • 16.             15  ресурс на општеството. Развојниот пристап нуди долгорочни решенија, препознавање на потреби како и развивање на програми со цел да им се Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии помогне на младите при развивањето на својот потенцијал, да ги искажат своите капацитети како и да ги искажат своите капацитети како активни граѓани во општеството да му овозможи на општеството да извлечи потенцијал во корист на општеството. При развојниот пристап користиме постоечка ситуација (во даден момент) каде фокусот е на следниот чекор ама не и нешто што треба да се случи во наредните 10 години туку е фокус на блиска иднина како би се создавала извесна ситуација. Самиот развој на младите личности не може да се контролира. Она што можеме да направиме е да пристапиме на развој. Самиот развој на младите зависи од три аспекти: 1. Структурираната работа на зајакнување на капацитетите и вештините на младите луѓе (младата популација се согледува во целост во однос на нивните индивидуални потреби, а развојот на вештините, способностите и знаењата е планиран процес). 2. Константно зголемување на пристапот за развојни можности за младите (креирање на социјално, економско и културно опкружување усогласено со потребите на младите како и зголемување на квалитетот, достапноста и ефикасноста на службите за млади). 3. Креирање на сигурно опкружување (креирање на сигурна атмосфера каде младите ќе можат да ги искажат своите мислења и идеја како активно би учествувале во својот развој). Кога сите три елементи ќе бидат присутни тогаш е достигнат развојот. 2.4 Младите како ресурс Кога се зборува за младинска политика во Европа треба да се кажи дека ситуацијата во земјите на Југо – источна Европа и земјите од Европската Унија доста се разликува, како и од други развиени земји како што е на пример Норвешка. Во овие земји младите луѓе се сметаат како значајни ресурси и полноправни членови на општеството. Воедно, таквата препорака е дадена од страна на Европската комисија, која во документот Бела книга (White paper) потенцира дека општеството мора да ги гледа младите како позитивна сила во изградба на Европа, а не како проблем. Овие земји воспоставиле стратегија за креирање на услови во кои младите ќе ги реализираат своите потенцијали, како граѓани кои се охрабрени да поставуваат прашања и да развиваат критичен начин на размислување. Спротивно на тоа, во земјите на Југо – источна Европа не е развиен концептот на младинската политика како посебна политичка цел. Ако   младинската политика воопшто постои таа е таква да ги набљудува младите    
  • 17.   16  како маргинализирани групи. Освен промовирање на спортот главна задача на Владата е да спречува младите луѓе да станат криминалци, наркомани и сл. Разликата во овие начини на размислување е во тоа што е првата перспектива е насочена на проблем, додека другата, младите луѓе ги смета како ресурси. 3. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА Во Република Македонија повеќе од 10 години младиот човек своите интереси и потреби ги остварува самоиницијативно и во корелација со сопственото ниво на информираност и вмреженост во пошироката околина. Отсуството на организирана младинска структура, препозната и поткрепена од домашните и странските фактори, има негативно влијание врз и онака незавидната положба на младите луѓе. Првите сигнали на структуриран приод кон подготовка и имплементација на Младинска национална политика во транзициона Македонија може да се регистрираат од 2001 година. Првата реална активност спроведена потоа која е превземена од владините институции како грижа за младата популација и нејзините потреби, размислувања и предлози, е обемната „Основна студија за младинските трендови во Република Македонија“. Овој документ кој беше финализиран и објавен на почетокот на 2004 година е „предвесник„ на идната Национална стратегија за млади чија што изработка пак беше иницирана веднаш по Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии објавувањето на студијата. Содржината на НСМ се подготвуваше низ обемен национален процес воден од Агенција за Млади и Спорт каде младите луѓе го дадоа својот придонес низ серија на дебати организирани во различни градови во Македонија. Во Националната стратегија се опфатени осум области на делување: образование, младинско самовработување, поддршка пред вработување. Квалитет на живеење, здравство и превенција, партиципација на младите, младинско информирање, култура и локална младинска работа. Во декември 2004 година НСМ беше свечено предадена на Владата на Република Македонија на усвојување. Официјалното усвојување на документот беше направено во Декември 2005 година. По иницијатива на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Коалицијата на младински организации СЕГА на почетокот на месец Август 2007 година отпочна процес на подготовка на Национален Акционен план за имплементација на Националната стратегија за млади. Оваа обврска на АМС е предвидена со Националната програма за усвојување на правото на ЕУ 2007 – 2009, Поглавје 3.26 - Образование и култура, Подрачје 3 – Млади. Процесот беше финансиски поддржан од UNIFEM, АМС и СЕГА.  
  • 18.             17  Целта на НАП за имплементација на НСМ е да обезбеди систематско, фокусирано и сеопфатно делување на актерите во младинската сфера во Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Република Македонија, а во насока на разрешување на младинските проблеми и задоволување на потребите утврдени со Основната студија за младинските трендови во Република Македонија и НСМ. Според Националниот Акционен План беа утврдени главните приоритети врз кои ќе се делува при спроведување на Националната Стратегија за Млади. При подготовката на АП приоритетите беа одредени преку претходно спроведен партиципативен процес вклучувајќи ги организациите кои вклучуваат и работат со млади во своите програми. Анализите од овој процес како и утврдените потреби на Коалицијата преку спроведените проекти и активности ги одредија главните потреби кои ги засегаат младите. Во рамки на НАП за имплементација на НСМ опфатени се четирите сегменти (како што се дефинирани во НСМ) или осум приоритетни области и тоа: образование, младинско самовработување, квалитет на живеење, здравство и превенција, култура, младинско информирање, локална младинска работа и младинска партиципација. За секој од наведените области развиени се посебни Акциони планови на кои им претходи анализа на актуелната состојба во сферата. На редовната седница на Владата на Република Македонија која се одржа на 07 Април 2009 година беше усвоен Акциониот План за имплементација на НСМ без давање на никакви забелешки за АП. Во изминатиот период Коалиција СЕГА спроведе истражување за утврдување на имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето во Македонија и спроведе мапирање во 4 општини во РМ со цел утврдување на нивото на младинското учество во процесите на донесување на одлуки на локално ниво. Анализата најмногу ги опфати деловите кои се однесуваат на аспектите на младинско учество, младинско информирање и организирање како и младинскиот активизам. Утврдено беше дека кај младите не постои активизам во состав на училиштето а со тоа и програма за работа на училишните заедници. Исто така младите имаат потреба од вклучување во образовните тела и процеси за да се обезбеди нивното учество во донесувањето на одлуките за прашањата кои ги засегаат нив. Во однос на студентското организирање се идентификува недостиг на капацитети за работа на студентските сојузи (студентски парламенти), а исто така нивото на информираност на студентите е многу мало. На локално ниво младите не изразуваат самоиницијатива за учество во процесите на донесување на одлуки и креирање на политики. Од тоа произлегува и непостоење на институционализирана форма на организирање на младите на локално и национално ниво. Тоа е последица на непостоењето на механизми за информирање на младите на локално и национално ниво. Според тоа може да се заклучи дека има потреба од систематизиран начин на ширење   информации до младите луѓе кои ќе се однесуваат на образование, култура,    
  • 19.   18  спорт, мобилност, граѓанско општество вклучувајќи и можности за активирање на младите во локални иницијативи. Во согласност со досегашните случувања, во Република Македонија постојат два документи кои се донесени на национално ниво. Тоа се Националната Стратегија за Млади и Националниот Акционен План за реализација на истата чија што имплементација не е на потребното ниво. Исто така ратификувана е и Европската Повелба за младинско учество во локалниот и регионалниот живот која е донесена од страна на Советот на Европа. Според тоа, една од причините за недоволното адресирање на младите како приоритет на локално ниво е непостоењето на законска регулатива која ќе го дефинира поимот млади како и младинско работење. Напорите кои Македонија ги вложува во процесите за пристапување кон Европската Унија налага да се прифати и прилагоди регулативата која го регулира статусот на младите, а која е застапена во најголемиот број на држави членки на ЕУ. 3.1 Локални младински политики Покрај државната политика, проактивна политика која е најблиску до младите е локалната политика која може најмногу да допринеси за квалитетен развој на младите во една земја. Тоа е препорака од документите на сите глобални институции од системот на Обединетите Нации како и Совет на Европа и Европската Унија. Таков пристап – креирање на јавни политики за младите на локално ниво содржи два битни елементи: Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии  Актери за локална политика за млади (формални институции, граѓанскиот сектор и нивната интеракција) и  Инструменти за локална политика за младите (инфраструктура, буџет, програми, информативни политики, механизми вклучувајќи и млади во процесот на донесување на одлуки и слично, а се вклопено во стратегија за конкретен план за акција). Цел на локалната политика за младите е да воспостави општествена положба за младите луѓе во локалната заедница и што градските институции, градската управа и сите општествени фактори можат да направат за да се подобри положбата за младите. Со тоа јасно се одредува сегашната ситуација целите и намерите во насока на остварување на желбите на младите. Оваа програма станува практична основа на идните делувања на општествениот и политичкиот систем во однос на младите како неисцрпен ресурс.  
  • 20.             19  3.2 Локални Стратегии за Млади во Македонија Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Со цел имплементирање на активности од Националниот Акционен План за имплементација на Националната Стратегија за Млади, а во насока да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница Коалиција СЕГА започнува процес на “Креирање на Локални Младински Стратегии“ во 9 општини (Прилеп, Битола, Кисела Вода, Тетово, Гевгелија, Кавадарци, Штип, Свети Николе и Радовиш) во Македонија. По креирањето на локалните стратегии и акционите планови, ќе биде овозможено ефикасно вклучување на младите во имплементацијата на стратегиите со што младинските потреби ќе бидат издигнати на повисоко ниво зголемувајќи ја транспарентноста на работата на ЕЛС. Корист на Локалните Самоуправи Генерално донесувањето на Локалната стратегија за млади на локалната заедница и овозможува значајни можности да дојде до дополнителни средства од различни донатори. Во основа, документот квалитетно ги согледува состојбата на младите во областите: образование, здравство, вработување, учество на младите, информирање и мобилност на младите, односот меѓу младите и семејството, човекови права, слободно време и култура. Сето ова е дел од десетгодишната Национална стратегија за млади (2005 – 2015). На тој начин Локалната стратегија и Акциониот План за имплементација на истата би претставувал квалитетен предлог проект со кој би можело да се конкурира кај различни донатори. Невозможно е Локалната Самоуправа сама да ги креира и да ги донеси локалната стратегија и акциониот план за имплементација без партиципација на другите засегнати страни во општината. Самиот процес треба да биде транспарентен и да обезбеди вклучување на голем број млади. 3.3 Искуства во креирањето на локалните стратегии за млади Босна и Херцеговина Локалниот акционен план за млади за Бања Лука во сегментот за препораки на локалните власти ги наведува следниве механизми за спроведување на младинската политика:  Референт за млади (самостоен стручен соработник за млади) – лице кое е вработено во Локалната Самоуправа за реализација на      
  • 21.   20  стратегијата за млади. За спроведување на овој документ во иднина треба да се формира одделение за млади.  Управувачки комитет за млади – орган на Локалната Самоуправа кое вклучува претставници од различни сектори и одделенија во Локалната Самоуправа, институција која соработува со младите и ги претставува младите. Управувачкиот комитет го надгледува процесот на имплементирање на младинската политика и дава препорака во тој правец.  Одбор за млади – општинско работно тело. Во него учествуваат претставници на Локалната Самоуправа, претставници на младинскиот совет и младинските организации.  Совет на млади – асоцијација на млади и младински организации на локално ниво. Во локалната политика за млади во Б и Х покрај останатото се препознатлива е и мрежата од референти / службеници за млади во Здружението за службеници за млади во Б и Х. Ова здружение соработува со 30 општини и ги нуди своите услуги како обуки и советувања на локалните референти како и креирање на стратегија за млади. Во него членуваат околу 200 претставници од ЛС и има задача да обезбеди нивна дополнителна обука за што поквалитетно спроведување на младинската политика во локалната заедница. Република Србија Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Министерството за спорт и млади во Србија во 2008 година ја дефинирало Националната стратегија за млади и во моментов работи на воспоставување на локални канцеларии за млади како и воспоставување на мрежа од тие канцеларии – национални, регионални и локални. Основната функција на овие канцеларии би требало да биде информативна, но исто така во овие канцеларии ќе може да се организираат и некои од активностите за млади. Со реализација на нивната работа би требало да се постигне активно учество на младите и нивен квалитетен живот во локалната заедница. Личноста која работи во оваа канцеларија треба да ја спроведува младинската политика и да биде способна за спроведување на самата младинска работа, да работи на формирање на младинско советодавно тело на локално ниво и да воспостави центар за млади. Министерството за спорт и млади планира да формира национална организација како и репрезентативно тело за млади на локално ниво кое би допринесувало за јакнење на политиката за млади и подобро прифаќање на потребите на младите во заедницата.  
  • 22.             21  4. ЧЕКОРИ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии  Воспоставување на соработка со Локална Самоуправа  Формирање на тим кој ќе го координира процесот на ЛМС  Дефинирање на потребите на младите и локалните заедници  Промоција на дефинираните потреби на младите и локалните заедници  Формирање на работна група која ќе ја изготвува ЛМС  Следење на работата на работната група  Прв дел од документот: Анализа на моменталната ситуација  Втор дел: 5 годишна стратегија  Трет дел: Акционен план за првата година  Нацрт документ за локален парламент  Документ на јавна расправа  Усвојување на документот на Совет на општина  Печатење на ЛМС, промоција и дистрибуција 4.1 Воспоставување на соработка со локална самоуправа Ефикасна младинска политика на локално ниво бара вклученост на различни актери: локални авторитети, млади, локални организации и институции. Некои заедници користат пристап одозгора - надолу, што значи дека локални власти одлучуваат за политиката и потоа ја спроведуваат сами или пробуваат да најдат партнери за да го имплементираат тоа. Сепак ова не е многу партиципативен пристап, препорачливо е различни актери да бидат вклучени во целиот процес од најраните фази. Иницијативата за креирање на локалните политики за млади може да ја поднеси самата Локална Самоуправа и сите заинтересирани страни во локалната заедница: невладини организации, самите млади, локални институции. Многу често иницијативите за креирање на локални стратегии се одбиваат од причина што од ЛС објаснуваат дека политика за млади веќе постои. Дел од општините имаат Акционен План за имплементација на детските права. Двете целни групи млади и деца во еден дел се поклопуваат (возраста од 15 – 18 години), треба да се кажи дека популацијата деца ја сочинува сета популација на деца од 0 – 18 години, а популација млади од 15 – 30 години. Овие групи имаат различни потреби и не треба да се изедначуваат. Со цел да се обезбеди соработка на сите оние кои што ќе учествуваат во процесот на креирање на Локална Младинска Стратегија многу е важно да се      
  • 23.   22  номинираат членови на тимот кои ќе го реализираат проектот и со нив да се потпише Меморандум за соработка. 4.2 Формирање на тим кој ќе го координира процесот на ЛМС Во Меморандумот за соработка треба да се дефинираат активностите кои ќе се реализираат и одговорностите на двете страни како и временскиот период кој е многу важен. Искуството на Коалиција СЕГА во изготвувањето на НСМ и НАПНСМ укажува на тоа дека договорените временски периоди во главно не се почитуваат поради презафатеноста на локалните и националните власти. Исто така постојат и непредвидени околности па затоа е потребно временскиот период за креирање на стратегијата да биде подолг од 6 месеци. Тимот кој што го координира креирањето на стратегијата го сочинуваат претставници од ЛС, претседателот на општинскиот совет како и претставници од локални младински здруженија. Неопходно е да се има детален прецизиран план на активности, со поделба на одговорности, прецизирана временска рамка и дефиниран буџет кој е потребен за реализација на проектот. Процесот на креирање на Локални Младински Стратегии ќе се спроведува во неколку фази: Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии 1.Подготовка на прирачник за изработка на Локални Младински Стратегии Како иницијална активност подготовката на прирачникот кој е пред вас има за цел да претставува основа во процесот на креирање на Локалните Младински Стратегии во рамките на проектот, а истовремено СЕГА има амбиција истиот да претставува универзална алатка која и во иднина ќе им користи на локалните самоуправи и другите засегнати страни во креирањето на Локални Младински Стратегии и воопшто на Младински политики. Во подготовката на прирачникот користени се искуствата од долгогодишната работа на СЕГА во креирањето на младинските политики како и искуствата на локални и меѓународни консултанти во сферата на младинското учество и младинските политики.  
  • 24.             23  2. Номинација на членови на координативното тело и работна група за изготвување на Локални Младински Стратегии Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Концептот презентиран во прирачников, а за потребите на програмата на СЕГА предвидува формирање на две тела кои се клучни во процесот на креирање на ЛМС:  Координативно тело Координативното тело е предвидено да биде сочинето од 5 члена и тоа Претседател на Советот на општината, членови на општинската администрација, експерт за младинска политика и претставници од НВОи. Координативното тело е предвидено да биде она кое ќе ја води изработката на Локалните Младински Стратегии и ќе биде задолжено за лобирањето во процесот на усвојувањето како и за управувањето со имплементацијата на истите на локално ниво.  Работна група Во насока на поддршка на Координативното тело, а со цел за директно вклучување на повеќе засегнати страни кои се во можност да обезбедат соодветно ниво на аналитичка и логистичка поддршка во процесот, презентираниот концепт предвидува креирање на Работна група. Истата треба да биде составена од 7 - 15 членови: претставници од подрачни Министерства, претставници од младински НВОи, средношколци и студенти. Во насока на обезбедување на неопходна координација и континуитет во изготвувањето на ЛМС, лидерот на Работната група истовремено е предвидено да биде и член на Координативното тело. Имајќи ја во предвид хетерогеноста на групите кои треба да номинираат членови на двете тела како и различното ниво на познавање на проблематиката неопходно е да се подготви сет на критериуми за претставниците во телата (ова пред сè се однесува на Работната група). Иако изборот на групите во старт ја гарантира инклузивноста на процесот сепак индивидуалните членови во телата треба да бидат соодветно номинирани и адекватно информирани за процесот. 3.Обука за претставниците на ЕЛС и младинските здруженија за изготвување на Локални Младински Стратегии (ЛМС) Имајќи ја во предвид погоре опишаната хетерогеност на групите и индивидуите вклучени во процесот на изработка на Локалните Младински      
  • 25.   24  Стратегии а со цел за зајакнување на нивните капацитети за имплементација на процесот предвидена е дводневна обука за претставниците на координативните тела. Предвидено е секоја од општините да биде претставена со по тројца учесници и тоа: член на советот, претставник од администрацијата и претставник на локална НВО. Обуката ќе содржи два тематски дела од кои првиот се однесува на запознавање на учесниците и презентирање на поопширни информации од областа на младинската политика. Овој сегмент ќе вклучува преглед на меѓународни искуства и локални искуства на темата како и анализа на потребата од креирање на Локални Младински Стратегии и на обврските кои произлегуваат од постоечката легислатива во Република Македонија. Вториот дел од обуката ќе биде посветен на процесот на креирање на Локални Младински Стратегии, а истиот ќе биде поделен на два сегменти. Едниот ќе се однесува на суштинските чекори во процесот, на вклучувањето на засегнатите страни во истиот како и на презентација на модел за подготовка на стратегија. Другиот сегмент ќе се фокусира на акционите планови за имплементација на стратегијата вклучувајќи ги составните елементи на тие планови како и буџетирањето на акционите планови и мониторирањето на постигнувањата од истите. Обуката предвидува и консензуално дефинирање на идните чекори во процесот на изработка Локални Младински Стратегии, а со цел да се капитализираат придобивките од стекнатите знаења и зголеменото ниво на мотивација кај учесниците.2 Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии 4. Фасилитирање на процесот на изготвување на Локални Младински Стратегии Процесот на изготвување на Локалните Младински Стратегии е предвидено да помине низ следните фази: 1. Подготовка на Драфт I Локална Младински Стратегија и АП и поднесување на Драфт верзијата до координативното тело 2. Организирање на Јавна расправа и поднесување на Драфт ЛМС и АП до подрачните Министерства во општината 3. Подготовка на Драфт II Локална Младинска Стратегија и АП и поднесување до координативното тело                                                              2 Во прилог на прирачникот е детална агенда за спроведување на обуката.    
  • 26.             25  4. Подготовка на Финална Локална Младинска Стратегија и Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Акционен План и поднесување на стратегијата до Советите на општините 4.3 Дефинирање на младинските потреби на локално ниво Младите луѓе се разликуваат како група, што значи дека тие имаат различни потреби и очекувања. Може да биде невозможно да се сретнат сите тие во рамката на ЛМП со ресурсите кои се на располагање, па според тоа треба да се изберат некои приоритети. Одлучувајќи за приоритетите е многу важен и понекогаш тежок чекор, при што треба да се утврди дали проблемите имаат повисока или пониска вредност. Приоритетите не треба да бидат избрани на база на лични или организациски предлози на вклучените страни, туку на солидна анализа на ситуацијата. Дефинирање на младинските потреби на популација од 15 – 30 години е најважната задача на сите оние кои што работат со млади и за млади. Врз основа на препознаените младински потреби во една заедница може да се планираат активности и програми за млади како и развој на тие програми и политика. Посебно значајно место во изготвувањето на ЛМС треба да имаат луѓето кои се консултирани за прашања за своите потреби, а тоа се средношколците и студенти, активисти на НВОи, млади од политички подмладоци, млади новинари, маргинализирани групи, бегалци, активисти на здруженија од областа на културата (културно уметнички друштва, театар) или спорт (клубови и здруженија) и др. Според Националната стратегија за млади потребите се класифицирани во осум области: Образование, Младинско самовработување, Квалитет на живеење, Младинско информирање, Локална младинска работа, Култура, Здравство и Партиципација на младите. Иако во секоја од областите постои систем / институција која се грижи за младите секоја Локална Самоуправа мора да вложи напор за како би се постигнала квалитетна меѓусекторска политика. Секоја општина треба дополнително да вложи во образованието и дополнително да ги образува своите граѓани (младите) низ реализацијата на градската програма за неформално образование.      
  • 27.   26  Методологија и начин на работа3 Препознавање на потребите на младите е процес кој може да се реализира во период на 6 месеци, користејќи одредени методи и техники како фокус група, анкета, интервју и јавна трибина.  Спроведување фокус група за одредување приоритети Процесот на изготвување младински стратегии на локално ниво треба да започне со дефинирање на потребите на младите луѓе во заедницата и утврдување на проблемите. Бидејќи младите луѓе се целната група за која се однесуваат стратегиите, тоа значи дека една стратегија може да опфати поголем број прашања од различни сфери кои се релевантни за младите, а кои беа наведени и погоре како дел од НСМ на Македонија. Токму тоа и е карактеристиката на младинската политика како меѓусекторска политика. Со цел да се направи стратегија која ќе биде остварлива во даден временски период и ќе овозможи реални напори за реализирање на потребите на младите луѓе и разрешување на дел од проблемите, се препорачува на самиот почеток организирање на фокус група која ќе ги утврди најприоритетните сфери во кои треба да се делува, во наредниот период на валидност на стратегијата – на пример 3 или 5 години. Во фокус групата треба да се вклучат околу 15 учесници, пред сè претставници на младите луѓе кои се најзасегнати од состојбата. При тоа Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии треба да се внимава да исполнуваат критериумите на соодветна застапеност според пол, возраст, етничка структура на заедницата, граѓански статус и место на живеење. Бројот на претставници според секој од критериумите треба да се утврди зависно од бројот на млади луѓе во заедницата, но и пропорциите помеѓу различните наведени критериуми (на пр. колку се машки, колку женски и сл.). Покрај младите луѓе кои треба да доминираат во оваа фокус група се препорачува вклучување на претставници од локалните власти и локалните институции кои пак понатаму се задолжени за спроведување на политиките и од тој аспект треба да имаат познавање и за проблемската состојба.                                                              3 Во прилог на прирачникот доставена е пример методологија за спроведување на локално истражување на младинските потреби  
  • 28.             27   Спроведување на анкета Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Со цел да се опфатат што е можно повеќе млади луѓе кои ќе го кажат своето мислење за потребите и проблемите во рамки на претходно дефинираните приоритети, се препорачува реализирање на анкета / истражување на локално ниво. За да се спроведе анкетата и таа да даде релевантни податоци кои ќе се искористат во подготовката на стратегиите треба да се преземат следниве чекори: - Да се дефинира примерокот од млади луѓе на кои ќе се врши анкетирањето - Да се подготват анкетни прашалници (еден кој ќе ги опфати сите приоритетни сфери, или пак за секоја сфера посебен прашалник) - Да се обучат анкетари кои ќе го спроведат анкетирањето по училишта, факултети, организации и сл. - Да се обезбеди логистичка поддршка од младинските организации во заедницата во наоѓањето на младите луѓе кои треба да се анкетираат За дефинирање на примерокот и подготовка на анкетните прашалници, како и понатаму во процесот на обработка на добиените податоци би можело да се повикаат консултанти кои имаат познавања од методологија на истражување, за да помогнат да се направи најдобриот избор на примерок соодветно на средствата со кои се располага. Но доколку во рамки на младинските организации има луѓе со вакви вештини тогаш можат да се искористат и нивните знаења.  Фокус група за потврдување на наодите од анкетата и предлагање можни решенија Оваа фокус група се предлага како дел од методологијата со цел да се добие на некој начин верификација на главните наоди и заклучоците од спроведената анкета, да се инволвираат младите и засегнатите страни во дефинирање на финалните заклучоци како и да се слушнат предлози и можни решенија на детектираните проблеми и потреби. За разлика од фокус групата за одредување приоритети, кај оваа фокус група се дава поголемо значење на присуството на лица / претставници до локалната самоуправа и локалните институции од кои се очекува да ги спроведуваат идните решенија кои ќе бидат дефинирани со стратегијата. Повторно максималниот број на учесници се препорачува да биде до 15 и при тоа да се запазат критериуми за соодветна застапеност.      
  • 29.   28   Интервју Интервјуто како метод се покажало како добра алатка во случаите кога заинтересираните страни искажуваат мотивираност да учествуваат во процесот, а не се во можност да го направат тоа во предвидените термини или се, како во случаите со личностите со инвалидитет или хендикеп, спречени да дојдат поради отежнато движење. Но интервјуто може да биде исклучително корисно и за добивање дополнителни информации кои интервјуираниот немал можност да ги каже во друга прилика. Исто така на интервјуто самите интервјуери можат да соопштат и дел од добиените наоди преку фокус групите и анкетата и на тој начин да го мотивираат соговорникот да размислува во насока на заеднички идни активности. Бројот на интервјуа може да се одреди зависно од потребата за добивање дополнителни информации, или пак зависно од тоа кој се до тој момент не бил вклучен во добивањето податоци, а се очекувало да се вклучат. 4.4 Промоција на потребите во заедницата Потребно е да се организира еден или повеќе настани кои би послужиле за таканаречено креативно информирање на младите во заедницата со цел да се даде важност на младинското учество во завршетокот на оваа прва фаза. Ова подразбира информирање (во процесот на препознавање на потребите на младите) на начин кој е соодветен за младите и низ организирање Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии активности наменети за младите. Овие активности бараат повеќедневни припреми и постојано вклучување на голем број на млади при нивното спроведување. За потребите на овие настани, се печатат постери и флаери со атрактивен дизајн на бои. 4.5 Формирање на работни групи за подготовка на документот Работна група за подготовка на ЛМС потребно е да се формира од претставниците на локалните институции и организации кои работат со млади и за млади. Потребно е претставникот на Локалната Самоуправа, во соработка со овие заинтересирани страни, да препознае кои конкретни личности адекватно би одговориле на овие потреби во состав на своите надлежности и стручности. Членовите на работната група би требало да имаат слух за потребите на младите, желба за подетално да ги истражат проблемите во локалната заедница и можностите за нивно решавање, а исто така, да имаат и дар за пишување и аргументирано изнесување на факти. Според нашите искуства, најдобро е учесниците во изработката на ЛМС да бидат претставници на ЕЛС, училиштата и факултетите, агенциите за  
  • 30.             29  вработување, здравствените домови или градските болници, центрите за социјална работа, центрите за безбедност, домовите за култура, НВОи, Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии спортските клубови итн. 4.6 Следење на работата на работната група За соодветен почеток на работната група неопходна е обука на нејзините членови во вид на еден или два тренинзи кои имаат за цел да ги сензибилизираат дополнително, како за проблематиката на младите, така и за конкретната задача – подготовка на ЛМС. Се работи за запознавање на членовите на работните групи со проблематиката млади и младинската политика во Македонија, деталите поврзани со областа која ќе ја адресираат додека се подготвува документот, како и примерите на локални политики во регионот. Понатаму, од исклучително значење е од самиот почеток на работата на работните групи индивидуално да се следи работата на секој поединец – да се појаснат детали од кои тој ќе се раководи, следење на исправноста на постапките, динамиката на работата и мотивацијата која е многу променлива. Членовите на работната група се воглавно веќе професионално ангажирани лица кои имаат постојан проблем со слободното време кое е неопходно за креирањето на ЛМС. Бројни се корекциите на текстот и дополнувањето на кои е потребно да се спроведат пред доставата на финалниот текст. Не сметајќи ги материјалните или ракописните грешки, обично се работи за недоследно следење на насоките од НАП, како и нелогичното поврзување на таквата рамка и потребите на младите во таа заедница. На пример, иако националната стратегија ги третира сите потребни области кои е потребно да се опфатат, се случува да некои од нив по грешка да бидат изоставени, иако е јасно дека тие се предмет на потреба на младите од таа заедница. Чести грешки се и погрешно утврдени индикатори во стратегијата или акциониот план кои е потребно да се дефинираат. Јасно е дека без прецизно утврдени начини за проверка на успешноста на конкретните стратешки цели или активности, не е можно квалитетно да се дефинира документот. 4.7 Прв дел на документот: Анализа на ситуацијата Првата фаза на изработка на ЛМС се однесува на анализа на моменталната ситуација во локалната заедница на прашањата за секоја од 8-те области кои ги анализираше и НАП за НСМ, или пак, во рамката на оние области за кои се определил тимот за изработка на ЛМС. Европската Повелба за учество на      
  • 31.   30  младите луѓе во локалниот и регионалниот живот, на пример, адресира поголем број на области отколку НСМ во Македонија. Анализата на ситуацијата е првиот дел на документот и прва задача на работната група, а секој член е во рамки на областа која ја следи, работи на основа на два елементи: 1. Потребите на младите во таа заедница прибрани во заеднички интегрален текст. Текстот во кој се дефинирани потребите на младите ги содржи одговорите на сите учесници прибрани преку било кој од наведените методи, кои се разновидни по области. Така на најпрегледен начин можат да се видат внатрешните потреби. 2. Приоритетите на НСМ, кои реално претставуваат рамка врз која треба да се спроведи анализата, земајќи ги во предвид сите елементи кои ги дефинираше НАП но и карактеристиките на специфичните заедници. Квалитетот на анализата зависи од стручноста на оној кој ја спроведува: неговата професионалност да приоѓа на работата сериозно но исто така и мотивацијата дополнително да ја истражи областа за која е надлежен. Јасно е дека значителен број на информации кои се потребни за оваа анализа вистински не постојат, како и дека статистиката поврзана со проблематиката на младите генерално недостасува. Затоа е неопходно личноста да дојде до мислење или податоци самоиницијативно за чие пронаоѓање ќе послужи за Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии потребите на изработката на ЛМС. Она што најмногу ги демотивира членовите на работната група дополнително да истражуваат е бавноста на локалните институции да ги дадат потребните одговори, или дури и нивната неспремноста да учествуваат во овој процес. Така се случува најголемиот дел на информации за некоја област, членовите на работната група за изработка на ЛМС, да ги превзема од националната стратегија. Во најголемиот број на случаеви, таквата генерална ситуација одговара на онаа која преовладува во таа заедница, меѓутоа не треба да се заборави дека целта на локалните младински стратегии во суштина е во тоа да се избегне воопштено анализирање, односно да се претстави реална слика на животот на младите во таа конкретна општина, земајќи ги во предвид сите нејзини специфики и карактеристики. 4.8 Втор дел на документот: Петгодишна стратегија Втората задача на секој од членовите на работната група е да се дефинираат стратегии за развој на областа која ја следи, што претставува изработката на вториот дел на документот. Во однос на секоја од деветте  
  • 32.             31  области кои ги третира ЛМС, потребено е да се зацртаат стратешки цели за развој во следните пет години – ова е вообичаен период, иако долгорочните Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии стратегии се креираат за подолг период. Експертите на стратешко планирање пак, советуваат развојните стратегии да се дизајнираат за временски период од 4 години, кој воглавно се поклопува со мандатот на ЕЛС во нашиот случај. НСМ овозможува одличен преглед и има широко разградени цели во рамките на секоја област, што е и разбирливо, бидејќи во процесот на нивното дефинирање ги користеше сите постоечки стратегии во РМ. Исто така полесно им е на учесниците на работната група да ги изберат оние цели кои ги препознава нивната заедница не ризикувајќи дека ќе погреши, во исто време додавајќи и нови, во согласност со специфичните потреби на општината за која се подготвува стратегијата. Проблемот во дефинирање на долгорочните стратегии на членовите на работната група за изработка на ЛМС воглавно претставува дефинирање на индикатори на основа на кои може да се препознае дали дефинираните стратешки цели се остварливи. И овој дел на документот, како и се останато, членовите на работната група го работат самостојно, консултирајќи се со оној кој ја координира нивната работа во изработката на ЛМС пред ЕЛС од една страна, но и со сите кои можат да помогнат, од организациите или институциите кои се вклучени во оваа работа од друга страна. Така директорите на локалните институции или стручните служби на тие институции (здравствен дом, училиште, центар за социјална работа) можат да бидат квалитетни соговорници околу одбирањето на стратешките цели на развој на таа област, секако имајќи ја во предвид целната група која е во фокусот на ЛМС, а тоа се младите. 4.9 Трет дел на документот: Акционен План за една година Активностите кои е потребно да се направат како би заживеала младинската политика на локално ниво се бројни – посебно во рамката на секоја област која таа ги третира. Она што помага во одбирањето активности во рамката на третиот дел на ЛМС, е фактот дека акциониот план воглавно се дефинира само за оние активности кои е неопходно да се реализираат во првата година, т.е. за приоритетните активности. Таквите активности полесно се препознаваат и дефинираат, а квалитетот, како овој дел на ЛМС, така и целиот документ, е во нивната остварливост, односно, во реално поставените цели и активности. Квалитетниот документ, воедно, предвидува спроведување само на оние активности кои се можни за остварување т.е. постојат услови за тоа. Како и во случајот со петгодишната стратегија и дефинирањето на   стратешките цели, и овде за секоја од предложените активности е потребно    
  • 33.   32  да се идентификуваат индикатори на основа на кои ќе биде препознаена нивната успешност. Понатаму, потребно е да се именуваат одговорните личности за спроведување на активностите, како и потребен буџет за остварување на конкретни активности. Искуството на СЕГА во досегашното работење покажува дека и покрај вака дефинирани упатства за подготовка на план за активности, најчестите грешки при изработката на АП претставуваат неумереност и нереалното временско планирање. Исто така, проблем претставува и дефинирањето на оние активности за кои сигурно се знае дека поради висината на потребните финансиски средства нема да се реализира. Во планот често се вметнуваат скапи инвестиции за кои веднаш може да се каже дека не се остварливи – на тоа упатува и анализата на постоечката ситуација во таа област, како и зацртаната развојна стратегија. Во врска со „претераното планирање“ треба да се каже дека иако на прв поглед може да изгледа дека таква претерана амбициозност не може да штети, се работи околу тоа дека таа најбрзо ги демотивира одговорните за реализација на активности бидејќи е очигледно дека не се остварливи. Постепено планирање за период од една година, како и квалитетна реализација на активности, ги охрабруваат одговорните дека НАП следната година ќе се ревидира и во таа прилика да се дефинираат нови активности – за втората година од спроведувањето на ЛМС. 4.10 Документ на јавна расправа Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Откако ќе се припреми текстот на нацрт документот, координативното тело донесува одлука за негово разгледување по пат на јавна расправа, со што предлог документот се става на увид на јавноста и дава можност на граѓаните да дадат евентуални сугестии за измена на постоечкиот текст. Исто така драфт верзијата ќе се достави на разгледување до подрачните Министерства во општината. Оваа одлука потребно е да се огласи во локалните медиуми, а пожелно е да се испечати и постер кој би требало да се постави на прометни градски места и на оние каде што се собираат младите. Исто така, потребно е да се вклучат што повеќе други учесници на овој проект, со што би се добила повратна информација за квалитетот на документот. Пожелно е нацрт документот да го добијат на увид и многу други кои учествувале во процесот на препознавање на идентификување на младите во таа заедница (младите, НВОи, спортски клубови). Од нив се очекува и да дадат сугестии и во понатамошни корекции на ЛМС, преку давање на мислења на граѓаните низ јавни расправи. Прибраните сугестии од граѓаните се разгледуваат од страна на работната група за изработка на ЛМС и по потреба се вметнуваат во нацрт документот.  
  • 34.             33  Посебно внимание треба да се упати и на лекторирањето на текстот и неговиот графички дизајн, со што ќе им биде понуден на Советот на Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии општината и граѓаните во задоволителна форма. 4.11 Усвојување на документот во Советот на Општината Нацрт текстот на ЛМС, корегиран на основа на сугестиите од јавната расправа, е доставен на усвојување на членовите на Советот на Општината. Од големо значење е договарањето со претседателот на Советот на Општина за тоа на која седница документот ќе биде поставен на усвојување, ќе биде на точка на дневен ред, како и тоа кој ќе биде одговорен за претставување на документот и ќе одговара на прашањата на советниците. Советите на општината во согласност со принципот на отвореност на седниците, нудат можност претставник на НВО кој е заинтересиран за оваа тема да биде присутен на седницата и да се вклучи во дискусијата, но истиот нема можност за одлучување. Ова е можност претставникот на НВО на овој начин да пружи дополнителна поддршка на целиот процес. 4.12 Печатење на документот во вид на брошура, промоција и дистрибуција За да биде достапен документот пред граѓаните, пред се на младите, локалните институции и организациите кои работат со младите и за младите, потребно е текстот да им се достави како би се запознале со тоа што ЕЛС планира да направи во наредната година или она што го зацртала како стратегија за младите во наредните пет години. Добар начин за документот да се приближи до оние заинтересирани страни е да се испечати во вид на публикација, во соодветен тираж. Дизајнот на публикацијата треба да упати на тоа дека целна група се младите и дека им е посветен на младите. За публикацијата треба да се направи и каталогизација кој текст се внесува пред печатење. Промоција потребно е да се организира за претставниците на ЕЛС и младите, а публикацијата е потребно да се достави до сите институции и организации кои учествуваа во процесот на подготовка на ЛМС, било во процесот на идентификување на потребите на младите, било во самата изработка на документот, низ работата на работната група. За начинот на промоција сепак одлучува ЕЛС, а најмалку што би требало да се направи е да се организира промоција на документот во просториите на ЕЛС за сите заинтересирани страни. Понатаму, треба да се следат приоритетите на ЛМС кога е во прашање неговата промоција, бидејќи тоа е една од важните активности кои се      
  • 35.   34  планирани со овој документ и од кои зависи колку успешно ќе биде спроведен и прифатен. 5. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЛМС Како што досега неколку пати е потенцирано, ЛМС претставува прв неопходен услов и институционална рамка за воспоставување на младинска политика на локално ниво. Основни насоки за неговата изработка дава НАП за НСМ: тој нуди и формат документи и начинот на кој треба да се анализира постоечката ситуација, да се зацртаат стратегии, и дефинира акционен план на активности. На ЕЛС останува да одлучат како тие насоки ќе ги прилагодат на специфичните карактеристики на своите локални заедници и потребите на младите кои живеат таму. И не само тоа, всушност во зависност од расположливите капацитети на ЕЛС, важечките правни и административни регулативи но и афинитети, македонските општини ќе изберат модел на примена на ЛМС. Некогашното искуство од бившите Ју-простори но и денешните примери на добри пракси во регионот, упатуваат на тоа дека е потребно да се реализираат низа на активности како би се спровел до крај процесот на институционална поддршка на младите во една општина. Потребно е да се именува и обучи локален службеник / референт за прашања за млади, а потоа да се конституира барем едно од телата Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии неопходни за квалитетно и координирано спроведување на младинските политики во локалната заедница. Во исто време, потребно е да се обезбеди учество на младите во работата на сите тела кои ги адресираат младите, како и зголемување на средствата потребни за финансирање на младинските организации, т.е. младинските проекти и програми. Конечно, потребно е да се воспостави и градски младински клуб / младински информативен центар, кој би бил централно место за сите иницијативи на младите од локалната заедница, како и иницијативите спрема младите. 5.1. Именување на службеник / референт за младински прашања во ЕЛС Сосема е логично системското адресирање на младите во една локална заедница, да бара и именување на службеник / референт или служба која би се занимавала исклучиво со младински прашања. Впечатливо е дека по она што би требало да го работи овој службеник или служба, ова работно место бара движење, контакти и врски. Тој / таа треба да биде, и е врска помеѓу младите и локалните власти.  
  • 36.             35  За такво нешто се потребни вештини, знаење и искуство, кое во нагласена форма значи работа со луѓе, посебно со млади. Не се доволни само Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии знаењата од формалното образование, па она факултетско. Тоа не е едноставно решавање на проблеми во правна постапка и тоа го прави ова место специфично. Воглавно проблемот е во недостаток на прави идеи и програми, а најмалку средства. Според рамките на една ЛМС, службеникот за младински прашања треба да: - Има помеѓу 19-30 години - Високо образование - Активен во младински сектор подолго од две години - Поседува искуство во пишување проекти - Поседува искуство во спроведување на координирани проектни активности - Поседува знаење, вештини и искуство во организирање различни активности (семинари, конференции, состаноци, посети итн.) - Поседува знаење и вештини во полето на младинска политика и младински активизам - Поседува знаење и вештини неопходни за пишување на извештаи и деловни писма - Поседува знаење и вештини за правење на планови и програми за младинска политика - Поседува знаење и вештини за успешна комуникација - Поседува знаење и вештини за тимска работа - Поседува знаење и вештини за водење интерактивни процеси - Не е член на ниту една политичка партија - Поседува компјутерски вештини - Познавање на англиски јазик 5.2 Буџет за млади За да една ЕЛС може да спроведе ЛМС и да ги реализира активностите кои се планирани, таа мора да располага со буџетски средства за таа намена. Затоа на седницата на тој Совет на Општина, потребно е да се предвиди висината на тие средства, како и начинот за нивно распределување. Овие средства, воедно, можат да бидат доделени и на конкурс на оние НВОи или локални институции кои спроведуваат зацртан план на активности, или низ генерална поддршка за развој на младински иницијативи и младински организации во заедницата – преку конкретни проекти. Иако немаат јасно дефинирани локални политики, општините во Македонија во годишната распределба на средства на НВОите, определуваат извесни буџетски средства на организациите кои работат со млади. Овие средства се   воглавно скромни и наменети за реализација на краткорочни проекти. Во таа    
  • 37.   36  смисла може да се даде препорака дека само континуирана поддршка која е насочена кон самоодржливост на организациите кои работат со млади, може да се креира сигурно и поддржувачко окружување на младите, а со тоа и јакнење на нивните капацитети и вештини, како и поголеми развојни можности наменети за младите. Таквата политика во иднина гарантира поголемо учество на младите во животот на локалната заедница, што е еден од најдиректните цели на младинските политики. 5.3 Формирање на градско тело за следење на ЛМС Според воспоставувањето на позиција на локален службеник за млади кој генерално ќе се занимава со спроведување на градската политика за млади, неопходно е и формирање на градско меѓу - ресорно тело кое ќе го следи квалитетот на тоа спроведување. Потребно е да се вклучат сите организации и институции кои се активни во локалните заедници за приоритетите кои ги третира ЛМС како на пример: образование, здравство, младинска работа, култура итн. Една од можностите е да се формира Комисија за Млади како постојано тело на општината, која ја сочинуваат млади советници и претставници на НВОи. Комисијата би имала задача да грижи за примената на прописите кои се однесуваат на младите, да разгледува прашања во надлежност на општината кои се однесуваат на состојбата и улогата на младите луѓе во сите области на животот и работата, учествуваат во подготовката и Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии донесувањето на општински акти кои придонесуваат за решавање на проблемите на младите, остваруваат соработка со здруженија и други организации кои се занимаваат со младински прашања. Работата на ова тело би довело до воспоставување подобра комуникација на релација ЕЛС – млади, едукација на младинските тела, а младите би покажале големо ангажирање во процесот на креирање на буџетот за млади преку давање предлози за висина на буџетските средства.  
  • 38.             37  Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии ПРИЛОЗИ Прилог 1: Предлог методологија за спроведување истражување на потребите и проблемите на младите луѓе на локално ниво Прилог 2: Агенда: Обука за изготвување ЛМС      
  • 39.   38  Предлог методологија за спроведување истражување на потребите и проблемите на младите луѓе на локално ниво Вовед Коалиција на младински организации СЕГА спроведува проект за подготовка на локални младински стратегии во 9 општини во Република Македонија (Кисела Вода, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Гевгелија, Штип, Свети Николе и Радовиш). Проектот опфаќа активности за воспоставување структура за подготовка на локалните младински стратегии, како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалните младински стратегии. Станува збор за петгодишни стратегии во кои ќе се лоцираат клучните приоритети за младите луѓе во секоја општина и ќе се понудат одреден број на остварливи решенија. Цели на истражувањето  Да се добијат појдовни показатели за досегашната состојба со младинските потреби во целните општини преку користење на Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии досегашни спроведени истражувања  Да се дефинираат приоритетни области во секоја од наведените општини кои ќе бидат предмет на понатамошно длабинско истражување  Да се презентираат веродостојни показатели за младинските потреби за секоја од целните општини и да се дадат препораки за постапување Предмет на истражувањето Предметот на истражувањето се лоцира во рамки на дефинираните приоритети во секоја општина. Во тој контекст истражувањето ќе се фокусира на:  Утврдување на приоритетни проблеми во областа  Причините за појава на проблемите кои постојат во приоритетните области  Причините за слаба ефективност и ефикасност на одговорните институции при разрешување на проблемите  
  • 40.             39   Ниво на младински активизам за разрешување на проблемите во целната општина Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии  Познавања кај младите за нивните права и начинот на нивно остварување во контекст на утврдените приоритети Методи за истражување 1. Фокус групи за утврдување приоритетни области за делување Со цел да се дефинираат најзагрозените сфери во кои проблемите на младите се најизразени ќе се одржат 9 фокус групи со 10 – 15 учесници, по една во секоја општина. Преку реализацијата на фокус групите присутните засегнати страни ќе можат на основа на своите сознанија, како и на сумираните сознанија од досегашни спроведени истражувања за младинските потреби во нивната општина да дискутираат кои области се приоритетни и да изберат две до три сфери кои ги сметаат за најзагрозени и за кои имаат реални очекувања за подобрувања кои ќе можат да се видат во наредните пет години. Фасилитирањето на фокус групите ќе го вршат локалните координатори назначени од Коалиција СЕГА, а врз основа на претходно подготвени упатства за спроведување на фокус групата и дефинирање приоритети. Од реализираната фокус група секој координатор ќе изработи извештај според формат утврден од истражувачите. 2. Реализација на анкета Истражувачите на база на добиените информациии од фокус групите за приоритетите во секоја општина и на база на претходно сумираните податоци од поранешни истражувања за потребите на младите во дадените општини, ќе изготват анкетни прашалници. Ќе се обучат анкетари кои во секој град ќе треба да ја спроведуваат анкетата. Прашалниците ќе се пополнуваат директно од младите луѓе, а анкетарите ќе им бидат на располагање при пополнувањето за дополнителни појаснување и информации во врска со прашањата. Проценката е дека ќе се реализираат помеѓу 800 – 1000 прашалници во 9 општини. Пополнетите прашалници потоа ќе бидат внесени во специјални формати за понатамошна обработка на податоците. Од обработените податоци ќе се добијат сознанија за предметот на истражувањето за секоја општина, а во рамки на приоритетите кои важеле за таа општина. Истражувачите ќе изработат нацрт заклучоци според првично добиените показатели од истражувањата.      
  • 41.   40  3. Реализација на фокус групи за потврдување на некои од добиените наоди и за предлагање можни решенија на детектираните проблеми Повторно под фасилитаторство на локалните координатори од Коалиција СЕГА ќе се реализираат 9 фокус групи со по 10 – 15 учесници во секоја од вклучените општини. Учесниците на овие фокус групи ќе бидат различни од учесниците во фокус групите за утврдување на приоритетни области. На овие фокус групи ќе се дискутираат добиените наоди од локалното истражување и ќе се разговараат идеи за можни решенија на детектираните проблеми. Од спроведената фокус група секој фасилитатор ќе изработи извештај според формат утврден до истражувачите. 4. Реализација на интервјуа За комплетно покривање на сите аспекти на предметот на истражување неопходно ќе биде да се реализираат серија интервјуа со претставници на локални самоуправи и локална администрација, невладини организации, неформални младински групи, политички подмладоци, училишта и сл. На база на добиените наоди и заклучоци за секоја општина ќе се дефинира колку интервјуа ќе се реализираат и со кого. Интервјуата ќе ги реализираат истражувачите, локалните координатори и проектниот тим од Коалиција СЕГА. Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Примерок за истражувањето За секој од дефинираните методи на истражување ќе се селектира специфичен примерок кој ќе даде соодветна репрезентативност во однос на можностите и фондовите кои стојат на располагање на истражувањето. 1. Фокус групи за утврдување на приоритетни области за делување За формирање на фокус групите кои ќе имаат за цел да дефинираат приоритетни области за делување ќе се користи намерен примерок. Имено, во фокус групите ќе се вклучат:  претставници од локални младински организации, политички подмладоци, претставници на средношколски и студентски заедници и сојузи (8 луѓе на возраст 15 – 30 години)  еден советник од локалната администрација кој работи на младинската проблематика  два советници во советот на општината (по еден од власт и опозиција)  
  • 42.             41   два претставници од рурални места во состав на општината (2 млади на возраст од 15 – 30 години) Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии  два претставници од локални институции (школи, болници, центри за социјална работа, домови на култура) Дополнителни критериуми при изборот на учесниците во фокус групата се:  соодветна полова застапеност  возраст  етнички баланс соодветен на структурата во општината  граѓански статус 2. Реализација на анкета Во секоја од вклучените општини ќе се селектира соодветен примерок на млади луѓе на возраст од 15 – 29 години кои ќе пополнат прашалници. Примерокот ќе биде селектиран според податоците од пописот на населението од 2002 година. Бројот на млади луѓе во секоја општина кои ќе учествуваат во анкетата ќе се одреди соодветно на вкупниот број млади на возраст од 15 – 30 години во таа општина. Во рамки на примерокот пропорционално ќе се применат критериумите на полова, етничка и возрасна стуктура, граѓански статус и застапеност на млади од рурални и урбани места во состав на општините. На ваков начин ќе се обезбеди максимална репрезентативност имајќи ги во предвид финасиите, достапноста на информации според бараните критериуми и достапноста на единиците во примерокот. Како места во кои ќе се реализира анкетата за возрасните групи од 15 – 19 и од 20 – 24 години ќе се искористат училиштата и факултетите (доколку има), а за возрасната група од 25 – 29 години ќе се искористи логистичката поддршка од локални младински НВО. 3. Реализација на фокус групи за потврдување на некои од добиените наоди и за предлагање можни решенија на детектираните проблеми За реализирање на овие фокус групи ќе се искористат повторно истите критериуми како и за фокус групите за детектирање на приоритетните области за делување. По однос на бројна застапеност распоредот ќе биде следен:  претставници од локални младински организации, политички подмладоци, претставници на средношколски и студентски заедници и сојузи (5 луѓе на возраст 15 – 30 години)  еден советник од локалната администрација кој работи на младинската проблематика      
  • 43.   42   2 советници во советот на општината (по еден од власт и опозиција различни од оние кои учествуваа во дефинирање на приоритетите) и претседавачот на советот  два претставници од рурални места во состав на општината (на возраст од 15 – 30 години)  четири претставници од локални институции (училишта, болници, центри за социјална работа, домови на култура) Обработка на податоците Податоците од фокус групите и интервјуата ќе бидат предмет на квалитативна анализа според предметот на истражувањето. Податоците од анкетата ќе се обработуваат во програмата SPSS со примена на соодветни статистички постапки. Анализата на податоците ќе се спроведува според критериумите за дефинирање на примерокот односно според возрасни групи, пол, етничка застапеност, граѓански статус, рурални и урбани места. Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии  
  • 44.             43  АГЕНДА Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Обука за изготвување на локални младински стратегии „Креирање на Локални Младински Стратегии“ Време Тема Прв ден 17:00 – 18:30 Сесија 1  Запознавање на учесниците, претставување на агендата, целите и очекувањата  Вовед во младинска политика (меѓународни искуства и национална рамка) 18:30 – 20:00 Сесија 2  Локални младински стратегии (ЛМС) – потреба од ЛМС и обврски кои произлегуваат од легислативата 20:00 Вечера Втор ден 08:00 – 09:00 Појадок 09:00 – 10:30 Сесија 3  Чекори за подготовка на ЛМС  Вклучување на различни засегнати страни во процесот 10:30 – 11:00 Пауза 11:00 – 12.30 Сесија 4  Улога на локалната самоуправа во подготовката, спроведувањето и донесувањето на ЛМС  Улога на различните засегнати страни во процесот 12:30 – 14:00 Сесија 5  Составни елементи на една стратегија - формат за подготовка на стратегија 14:00 – 15:30 Ручек      
  • 45.   44  15:30 – 17:00 Сесија 6  Изготвување на стратегија (појдовни информации, анализа на податоците, поделба на обврски) 17:00 – 17:30 Пауза 17:30 – 19:30 Сесија 7  Следење на остварувањето на стратегијата и мерење на постигнувањата  Буџетирање за остварување на стратегијата (извори на средства, расходи, приоритети) 20:00 Вечера Трет ден 08:00 – 09:00 Појадок 09:00 – 10:30 Сесија 8  Значење и подготовка на Акциони планови за реализација на стратегијата 10:30 – 11:00 Пауза Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Сесија 9  Составни елементи на Акциониот план 11:00 – 12:30  Изготвување Акционен план (појдовни информации, анализа на податоците, поделба на обврски) 12:30 – 13:30 Сесија 10  Следење на остварувањето на Акциониот план и мерење на постигнувањата  Буџетирање за остварување на планот 13:30 – 14:30 Идни чекори и обврски на учесниците Оценка на обуката 14:30 Ручек  
  • 46.             45  КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии   1. Национална Стратегија за Млади на Република Македонија, 2005 2. Акционен План за имплементација на Националната Стратегија за Млади на Република Македонија, 2009 3. White Paper on Youth, European Commission, 2002 4. European Charter for youth participation in local and regional life, Council of Europe, 2003 5. Priručnik za razvoj i primjenu mladinske politike u opštinama u Crnoj Gori, Forum MNE, 2009 6. Прирачник за младинско учество, Коалиција на младински организации СЕГА, 2010      
  • 47. Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии 46     
  • 48. Проектот е и финансиски поддржан од Локалните Самоуправи: Кисела Вода Тетово Штип Кавадарци Прилеп Свети Николе Радовиш Гевгелија Битола